Неделен Хороскоп

Овен

21 Март - 27 Март 

Работа

Проблемите од минатата неделва премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно е време да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Нависитна во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.

Љубов

Во љубовта ќе имате повеќе среќа. Вашиот партнер ве разбира, а тоа во моментот и најповеќе ви треба. Слободните претставници имаат одлични шанси но се обидуваат да ја најдете вистинската личност. Ако сте во брак ќе бидете помалку себични и ќе размислувате така како што вас во моментот ви одговара.

Здравје

Солидно, внимавајте во сообраќајот.

Овен е првиот знак од хороскопот, а тоа е доста очигледно за оние родени во овој знак, бидејќи секогаш се гледаат себеси во прв план. Тој е лидер, во прв ред на трлото. Овенот повеќе сака да иницира отколку да заврши. Дали имате потреба од започнување на некој проект ? Повикајте Овен! Тој не е најдобар на раководни позиции, но поседува посебен вид на магнетизам.

Овенот е знак кој е еден вид на пакет составен од енергија и динамичност, полн со шарм и харизма. Светнувањето на новиот ден - и сите негови можности - е чисто блаженство за Овенот.

Овенот е управуван од страна на Марс, a ако погледнеме во римската митологија, ќе најдеме дека Марс бил Бог на војната. Овие луѓе се храбри, агресивни и борбени. Тие можат да соберат внатрешна сила која е потребна за преземање на водството и секако, за победа. На Овенот не му недостасува енергија или виталност и тој може да остане во игра подолго од било кој друг. Тоа е победничка предност. Тие, исто така, во најголем дел, се независни и свесни за своите интереси во дадена ситуација. Понатаму, нивната конкурентна природи е сигурна дека тие ќе ја играат играта со решителност и енергија. На моменти, нивниот пристап може да се толкува како арогантен и надмоќен, но тоа се случува поради фактот што Овенот сака да биде лидер.

Елемент поврзан со Овен е огнот. Оттука доаѓаат акцијата, ентузијазмот и желбата да ја играат играта до крај. Тие не се плашат да истражуваат нови терени, а предизвикот е својствен за Овенот кога е во потрага по непознатото. Не постои можност за расправија со нив, бидејќи, во умот на Овенот, тој секогаш е во право.

Големата сила на Овенот е во неговата иницијатива, храброст и одлучност. Овие луѓе се бестрашни на патот. Нивната динамика и натпреварувачки дух значително помага во нивните напори за успех.

Симбол:
Овен

Симболизира:
Почеток, авторитет, насилство, амбиција, сексуална енергија, импулсивност, младост, мажественост.

Елемент:
Оган

Планета:
Марс - планетата на војната и енергијата.

Ден од седмицата:
Вторник

Боја:
Црвена

Број:
1, 7 и 9.

Скапоцени камења:
Рубин, дијамант, гранат, аметист.

Најдобри професии:
Војници, управници на фирми, лидери, спортисти, месари, инженери, производители на оружје, натпреварувачи со автомобили и сè што е поврзано со ризик и предизвици.

За да се спријателите со нив:
Не им се спротивставувајте. Пробајте да го следите нивниот ритам!

Дел од телото:
Глава, лице, горните заби.

Добри карактеристики:
Енергични и динамични, борбени, страсни, ентузијасти, оригинални, охрабрувачки и херојски настроени, незапирливи, посветени, грижливи, реагираат брзо, веруваат во своите способности и не се плашат од бариерите, имаат голема самодоверба и самодисциплина.

Лоши карактеристики:
Горди, егоцентрични, импулсивни, тврдоглави, невнимателни, љубоморни, непостојани, нетолерантни, агресивни, им недостигаат дипломатски способности.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Високо чело; агресивно поведение.

Омилени работи:
Видео игри, нова облека, патувања во брзи коли, логички игри, да им се обрнува внимание, да разговараат.

Работи кои ги мразат:
Зборот „не“, да делат работи со некој друг, да бидат игнорирани, тесни места, да губат.

Можете да ги најдете:
Обидувајќи се да победат на „Music idol“; работејќи напорно за црн појас; пишувајќи и продуцирајќи соло албум.

Скриена желба:
Да бидат број еден!