Неделен Хороскоп

Вага

21 Март - 27 Март 
Работа

Посветувањето на работата во моментот е одлична терапија за вашите проблеми. На работното место подобро ќе ја контролирате околината отколку во домот и семејството. Можете да најдете нови извор на заработка, но бидејќи сте во една нестабилна ситуација можно е да не обрнете доволно внимание на она најважното. Оние кои се занимаваат со некој бизнис ги очекува успех и напредување. Ве очекува убаво друштво со вашите колешки особено за машкиот пол додека пак жените можат да очекуваат да се појави успешен маж кој ќе му понуди деловна соработка. Не одбивајте.

Љубов

Настаните во семејстовто и на љубовен план ќе ве потсетат на вашите слаби точки. Нешто ќе ве врати назад. Ќе имате проблеми со некоја блиска роднина заради вашето агресивно настапување, кон еден член од вашето семејство. Ако сте слободни ќе ви донесе ново романтично познанство, кое нема да замине подалеку од убаво дружење.

Здравје

Здраствената состојба ви е добра, избегнувајте тешка и мрсна храна.


 

Карактеристики на луѓето со нагласена Вага во хосроскопот (Сонце, Месечина или група на планети во овој знак) се: друштвеност, мирољубивост , непристрасност, убедливост, склоност кон уметности, љубезност од позитивните, додека неодлучноста, апатичноста, лесното откажување и претераниот компромис им се негативни особини. Кога зборуваат реченицата ја започнуваат со фразата “Јас усогласувам”.

Надворешно овие луѓе се препознаваат по складот, праведноста, сипматични се и полни со сочувство кон другите. Имаат високо развиена смисла за убавина. Внатрешната и надворешната рамнотежа им е неопходна на овие луѓе, а таа резултира со целовитост - единство на телото душата и духот. Затоа во знакот на Вагата се наоѓаат и се здружуваат, мислењето и чувствата, главата и срцето.

Како владетел на седмата куќа (прва куќа во која се гледа околината, а воедно и куќа на бракот), ова е знак на партнерство и заедништво. Луѓето родени во овој знак длабоко се несреќни ако живеат сами. Нивниот стремеж кон складен живот во пар, чсто ги присилува на компромиси. Вагите сакаат да ги исполнат романтичните идеали на љубовта, топлината, но и убавината. Она што луѓето од овој знак треба да го научат, е како да ги препознаат спротивностите во внатрешноста на својата природа и да ги урамнотежат така да живеејќи со нив можат и понатаму да живеат со другите. Вагите се многу ориентирани и на спротивниот пол. Нивните мани се тоа што незнаат да кажат “не”, директно да се спротивстават, па затоа остануваат незадоволни со спствената постапка. Понекогаш се и мрзливи, посебно ако се попримитивни. Тогаш и нивниот надворешан изглед станува запоставен и неуреден. Тешко го превземаат својот дел од одговорнодта, па затоа им треба партнер кој ќе одлучува во негово име. Вагите се секогаш спремни на проштевање, тешко ја поднесуваат атмосферата на расправии и кавги и тоа често ги води во компромиси. Ако се развиени овие луѓе се стремат кон духовност и мир меѓу луѓето. Имаат развиено чувство за правда, па многу често се среќават во улога на судии. Во работата се уредни, солидно, ги планираат приходите и расходите, лесно ги трошат парите но секогаш на вредни работи.

Владетелот на Вагата - Венера ги обдарила овие луѓе со посебна склоност и талент кон уметноста, а посебно кон сликарството и поезијата. Вагите се големи естетичари. Нивниот дом е вистински музеј од уметнички слики, и секогаш е уреден во стил.  Уживаат во добра храна иако тоа на нив не може да се види.

Здравјето многу им зависи од расположението, дневните доживувања, а често и од времето. Чувствителни им се кожата, бубрезите, вените, црниот дроб, грбот, жолчката и нервите. Често болуваат од мигрена, но уште почесто се хипохондрици.

На крајот за луѓето Ваги треба да се каже дека се меѓу најдобрите родители на зодијакот. Поседуват вродено разбирање за своите деца, спрема нив зрачат со нежно пријателство водејќи ги во нивното созревање без цврста рака, но сепак рацете на овие луѓе се секогаш цврсти.

Симбол:
Вага

Симболизира:
Справедливост, рамноправност, рамнотежа, убавина, хармонија, дипломатичност, согласност.

Елемент:
Воздух

Планета:
Венера – планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата:
Петок

Боја:
Златна

Број:
5

Скапоцени камења:
Бронза и корал.

Најдобри професии:
Дизајнери, адвокати, политичари, естетски хирурзи, брачни консултанти, фотомодели, фризери, декоратори.

За да се спријателите со нив:
Доста себични се, па ако ги фалите и им покажувате дека ги цените ќе постигнете со нив сè што ќе посакате. Не ги критикувајте!

Дел од телото:
Долниот дел од грбот, задникот.

Добри карактеристики:
Шармантни, мили, фер, искрени, несебични, безнадежно романтични, грижливи, пацифисти, љубезни, им придават голема важност на партнерските односи и на тимската работа.

Лоши карактеристики:
Горди, нерешителни, неуверени, манипулатори, разгалени, мрзливи, се плашат да се ангажираат, кокетни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Мали симетрични црти, нежни очи.

Омилени работи:
Концерти во големи сали, поезија, скап накит, богата храна, добро дизајнирани алишта.

Работи кои ги мразат:
Глупави луѓе, кавгаџии, да бидат притиснати да донесат одлука, да велат „добра ноќ“, да го слушаат зборот „можеби“.

Можете да ги најдете:
Како танцуваат на забава во склад; како филозофираат за животот во кафе бар; заглавени дома пишувајќи поема; одлагајќи нешто за друг ден; на некаков социјален настан.

Скриена желба:
Да сакаат и да бидат сакани!