Неделен Хороскоп

Шкорпија

21 Март - 27 Март 

Работа

Енергијата неделава ќе ви биде на многу високо ниво. Нема да имате никакви проблеми на работното место, вообичаените работи се движат во свој тек. Комуникациите ви се живи ќе имате средби и разговори кои треба да бидат вовед во нешто ново. Истовремено сте доста напнати тоа можеби не се одразува не некои настани, но помалку ве дестабилизира. Авантурите и рискантните зафати можат да ви бидат многу штетни. Бидете внимателни во работите поврзани со државната администрација.

Љубов

На ова поле се е под контрола, а наскоро ќе биде и саканата личност. Ја разбирате неопходноста за задоволување на потребите на емотивен план, па ќе се фокусирате на тоа. При решавање на важни проблеми најпрво треба да тргнете од себе. Очекувајте финансиска добивка. Осамените имаат големи шанси да си го средат сентименталниот живот. Ќе добиете неочекуван подарок кој пријатно ќе ве изненади.

Здравје

Измерете го крвниот притисок можеби тоа е причината за вашите вртоглавици.

На овој знак често му се додава елементот на зло, но при тоа се заборава дека поседуваат огромна снага и способност на самоизлечување, но на слабите туѓата јачина изгледа зла. Можеби сите заблуди потекнуваат од незнаењето во однос на најважното знаење кое го поседуваат луѓето Скорпии, а тоа е тајната на животот и смртта. Ним им е се јасно и дури и не им е важно од каде. Овие луѓе управуваат со своите ѕвезди и кога ги сакаме и кога не ги сакаме. Но треба да се чуваме од тоа да при тоа не управуваат и со нас.

Луѓето на овој знак ќе ги препознаете по погледот, нивните очи коинемилосрдно пробиваат во вашите читајќи ги ви мислите. Астролошката приказна твреди дека, кога умира некоја Скорпија во рок од година дена пред или после, во семејството се раЃа дете. Но и раѓањето на новата Скорпија поврзана е со умирањето. ПОвторно во рок од година дена, пред или после раѓањето на Скорпијата умира некој член на неговото семејство.

Тие се и бог и грешник и бог и свештеник . Ова е опасен знак, јак и во љубовта и во омразата, но често незнае да повлече граница помеѓу тиа две работи. Страста е клуч до овие луѓе, брава која ги отвора нивните тела и нивните умови, нивната сегашност и сите иднини кои им се подарени. Кон овој знак често се додава зборот Вулкан. Тоа е затоа што тивката површина никогаш не е заштита пред можната ерупција на снага без љубов или било што друго кај луѓето Скорпии. Тие никогаШ не се во средина, или силно сакаат или силно не сакаат, или се многу среќни или се длабоко несреќни и.т.н. Межтите и интуицијата, уште еден се од даровите кои ги примиле на раЃањето. Каризматични и со длабока концентрација, Скорпиите се често многу успешни во животот. Но нивната судбина е навистина во нибните раце. Доколку се недоволно спремни да ги развиваат и користата своите многубројни таленти, може да им се служи опасно потопување, во незадоволство, критичност, ситничарење, но и мрзеливост. Тогаш стануваат опасни рушители на својот и туѓиот живот и тогаш најдобро е  да себиде на пристојна оддалеченост од нив.

Физички, склони се на претерана тежина, но долго во староста го задржуваат силното, мускулесто и здраво тело кое е многу отпорно на болести. Доколку се разболат тогаШ се работи за некои инфекции, полови болести, тешкотии со жлездите, фистули и чиреви воопшто. Но заради нивната внатрешна снага, најдобро е да се мотивираат на самоизлекување. Тоа не е толку тешко да се стори затоа Што ја мразат и својата и туѓата слабост и безпомошност.

Ова се и многу таинствени луѓе, наклонети кон моќ и тоа често политичка. Освен тоа нивните најголеми интереси се сексот, мистериите и туѓите пари. Интересно е дека најголемиот број на светските државници и денес и низ историјата, родени се во знакот на Скорпија.

Симболот на Скорпијата е Феликсот, птица која излетува од пепелот. Ова се луѓе на страсти, опасни и единствени, господари на интелектот и чувствата, филозофи и аскети, возбудливи и сензуални, но секогаш праведни. Затоа што правдата е нивниот збор.

Симбол:
Шкорпија

Симболизира:
Мистерија, магија, скриени сили, трансформација, борба, предизвик, завист, промена, страсни драми, наследство, разрушување и воздржување.

Елемент:
Вода

Планета:
Плутон – планетата на моќта и регенерацијата.

Ден од седмицата:
Вторник

Боја:
Црвена

Број:
2

Скапоцени камења:
Железо, опал, рубин и обсидијан.

Најдобри професии:
Јасновидци, психијатари, психолози, лекари, хирурзи, полицајци, детективи, шпиони, војници, банкери, вешти лица, нотари, патолози, сопственици на погребални агенции.

За да се спријателите со нив:
Не им се спротивставувајте, дури и кога не се во право!

Дел од телото:
Органи за репродукција, јајници, гениталии.

Добри карактеристики:
Магнетни, таинствени, страсни, лојални, заштитници, смели, добри советници, категорични, интуитивни, со интензивни чувства и емоции, љубопитни, самокритични, енергични, не примаат средна позиција, поседуваат способност за аналитично мислење.

Лоши карактеристики:
Опсесивни, посесивни, љубоморни, манипулатори, сакаат да се одмаздуваат, секогаш незадоволни, деструктивно критични, тирани, брутални, жестоки, завидливи, нетолерантни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Очи кои ги изразуваат нивните чувства, орлов поглед, смирени движења.

Омилени работи:
Зачинета храна, рок музика, уникатни предмети, безжични апарати, органска храна.

Работи кои ги мразат:
Неискрено ласкање, лични прашања, да живеат во туѓа куќа, прости луѓе.

Можете да ги најдете:
Како седат на ќошот од масата во некој бар; како ги расклопуваат работите и после тоа се обидуваат да ги вратат таму каде што припаѓаат; јадејќи зачинета храна во некој ресторан.

Скриена желба:
Да имаат целосна и комплетна контрола!