Неделен Хороскоп

Јарец

21 Март - 27 Март 

Работа

Потрудете се малку да го намалите животното темпо. Ќе мора да го промените амбициозниот начин на размислување и да бидете пофлексибилни во деловните акции. Пред да тргнете во акција би било добро да ги решите сите заостанати проблеми од порано. Ќе бидете ладнокрвни кога вашите претпоставени нема да имаат разбирање за вашите потреби. Обрнете повеќе внимание на некои важни документи и приложете ги навреме ако не сакате да имате проблеми со државните ограни. Покажете повеќе разбирање кон некоја постара личност од вашата близина.

Љубов

Емоционалните односи не ви се стабилни, погрижете се повеќе за оваа свера на животот. Нежноста и љубовта од вашиот партнер ќе ви бидат најпотребни оваа недела, па сторете нешто тоа и да го добиете. Некои Јарци особено слободните ќе уживаат во авантури. Јарците во брак ќе се трудат да ја одржат стабилноста во односите со партнерот.

Здравје

Здравствената состојба ви е одлична, но сепак на вашиот огранизам му требаат витамини.

Овие луѓе се одговорни и практични, како и останатите земјени знаци, но од нив забележително се разликуваат по количеството на амбиција, која едноставно е вградена во нивната личност. Никој не е поабициозен од Јарецот, но исто така и никој поупорен во своите желби да дојде до врвот. А тоа најчесто му успева. Овие луѓе се сериозни и дисциплинирани. Изгледаат мирно, тивко и ненаметливо. Тенот и очите им се темни, со блага сенка околу нив, делуваат потполно безопасно. Но не заборавајте: тие се јаки. Непопустливи се, способни да ги преживеат сите можни навреди, разочарувања, удари на судбината. Додека останатите знаци растрчуваат наоколу заборавајќи ја целта, Јарците незапирливо одат право кон него. Изгледа дека тајната е во тоа што тие го знаат патот и не им смета неговата стрмнина, затоа што копитата на Јарецот се секогаш цврсто на подлогата. Овие луѓе ја почитуваат традицијата и авторитетот. Често привидно се покоруваат, привидно, затоа што малку Јарци ќе им дозволат на другите од нив да направат коза. Според тоа тие се спротиставуваат кога знаат дека се дораснати за судирот. Ако сеуште не се ( внимание: еднаш сигурно ќе бидат) тие паметно чекаат и ... памтат.
Најголема опасност за овие луѓе се наоѓа во нив самите и нивното препуштање на грижите, стравот и песимизмот. Полни со живот внимателно ги градат темелите на својата иднина. Не успеваат да научат еден, за нив странски збор: “ДА”. Тие едноставно не знаат да ја изговорат; многу полесно им е да кажат “НЕ”. 
Има нешто планинско во типичните претставници на овој знак. Тоа не е само стрмнината слична на онаа по која целиот живот се искачуваат стремејши се кон успех, статус, пари и моќ. Тоа е нешто друго нешто тврдо и земјино дури и на тие висини. Траењето е збор кој го обележува Јарецот. Тие луѓе често долго траат и со одминувањето на годините, како да ја напуштаат онаа тврда сериозност, враќајќи се најпосле на младоста која, во првиод обид не ја проживеале доволно младешки. Затоа понекогаш веќе побелени во косите можат да делуваат ѓаволесто и младо. Исто така се вели дека колку стареат, толку се помлади (често и физички). Но тие се секогаш млади, но во нивната внатрешност, но им треба време и години додека ја разберат дека таа внатрешност смеат малку да ја покажат и на другите. Тогаш немаат  страв дека тоа отворање може да ги закочи во успонот, затоа што (кога ќе се отворат) тие се веќе на врвот.
Иако во позадината на овој знак лежи сериозна работа, а не само проста желба за успех, луѓето Јарци, нешто многу тешко го постигнуваат во животот, а тоа е омиленоста. И кога им се признава трудот, знаењето, моќта, успехот, сепак тешко дека некој истовремено и ќе ги сака. Тука не се работи за завист, туку потиснатоста на нивните сопствени емоции во длабоките рудници на потсвеста не им дозволува на туѓите чувства да се насочат кон нив. А  кога ќе дојде времето на староста, исполнети се материјалните желби и уморениот Јарец ја подигнува главата кон ѕвезденото небо молејќи се за малку топлина, светлина, љубов. И најчудно од се е тоа што небото најчесто таа желба ја исполнува на луѓето Јарци. 
Клучни зборови на луѓето родени во овој знак се: амбиција, сериозност, методичност, концепција, но постои еден збор кој претставува суштина на луѓето Јарци а тоа е: почитување

Симбол:
Планинскиот јарец

Симболизира:
Политика, планини, изолирани и оддалечени места, борба, бариери, забрани, лоша среќа, професионални амбиции, успешна кариера, деформации.

Елемент:
Земја

Планета:
Сатурн – планетата на дисциплината и зрелоста.

Ден од седмицата:
Сабота

Боја:
Темно зелена, кафеава, црна.

Број:
4

Скапоцени камења:
Олово, тиркиз, аметист.

Најдобри професии:
Банкарски служители, бирократи, историчари, ортопеди, дерматолози, политичари, администратори, минери, инженери, архитекти, геолози, шахисти, етнолози, антрополози.

За да се спријателите со нив:
Внимавајте во комуникацијата со јарците! Држете дистанца додека тие не ти дозволат да се доближиш.

Дел од телото:
Колена, кожа, коски и заби.

Добри карактеристики:
Лојални, мислат на својата фамилија, работливи, посветени, чесни, бестрашни, амбициозни, решителни, лидери, одговорни, реалисти, прагматични, организирани, внимателни.

Лоши карактеристики:
Песимисти, не простуваат лесно, ладни и резервирани, материјалисти, снобови, безнадежни, знаат да лажат, кариеристи, фаталисти, меланхолици, срамежливи, инаетчии, завидливи, егоисти, со тврди позиции.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Карактеристична вилица, силни заби, умен поглед.

Омилени работи:
Бизнис картички, цели, да бидат „главни“, ексклузивни клубови, ножни спортови особено фудбал, мотоциклизам, кожни работи.

Работи кои ги мразат:
Да се откажуваат, викање на јавни места, грешки од невнимание, да патуваат без водич.

Можете да ги најдете:
Како поминуваат квалитетно време со семејството, како опседнато работат на некој проект, како режираат некој долгометражен филм.

Скриена желба:
Да им бидат задоволени сите потреби!