Неделен Хороскоп

Риби

21 Март - 27 Март 

Работа

Ќе превземете повеќе обврски и со тоа ќе се истакнете во работната средина. Воопшто нема да ви биде тешко да му помогнете на колегите и пријателите, а можно е да работите и прекувремено. Одлично ќе се снаоѓате во ситуациите кои бараат било каков вид на комуникација особено писмена или телефонска. Ако сте индивидуален работник има големна шанса да ја проширите дејноста и неа да ја модернизирате. Тргнете во сопствени победи наметнувајте се и отворете ја вратата на успехот. Финансиската состојба ви е добра, а затоа можеби ќе се решите на купување не некои работи. Одморот и семејниот живот од вас ќе бараат да му се поветите во потполност.

Љубов

Неделава ќе го запоставувате вашиот партнер. Иако тоа повеќе пати ви дошло до глава, дозволувате неважни работи да ви го загрозуваат животот. Превземете ја работата во свои раце. Осамените би можеле да најдат нова љубов, но во ново друштво или пак во некоја неочекувана ситуација. Ќе бидете подготвени да заведувате.

Здравје

Чуствително-можни се проблеми со крвотокот и вените.

Риби е дванаесеттиот знак на хороскопот, а тоа е, исто така, последниот знак во хороскопскиот циклус. Елемент поврзан со рибите е водата. Астролозите сметаат дека токму како и самите риби, така и родените во овој знак грациозно се движат низ животниот тек. Рибите се вљубеници во музиката, поезијата, фините уметности и се склони кон мечтаење.

Имаат бујна имагинација, па често некои од нив се препуштаат на фантазијата и „живеат во свој свет“, но и покрај тоа знаат да бидат исклучително само-чувствителни со несреќата на другите.

Понекогаш нивниот романтичен поглед на свет и чувствителност е тешко разбирлива на оние луѓе кои се водени од практичност и реалност. Тие сакаат магични и мистериозни нешта, како и недопрена природа. Понекогаш имаат тенденција да се осамуваат, но секогаш се враќаат во друштво на другите каде имаат потреба да бидат посветени на некој или нешто. Нивната сензибилност ги прави успешни како уметници, писатели или музичари. Дури и обичната работа знаат да ја доведат на ниво на креативна уметност.  

Љубовта е многу битен дел од нивниот живот. Нивната несебичност и посветеност знае да оди до степен за самопожртвување, што не им претставува товар, но задоволство. Често знаат потребите на другите да ги ставаат пред своите. Како љубовници се нежни и романтични, а својот партнер до третираат со несебична посветеност и грижливост.       

Посветени се духовните вредности и хуманоста, а некои од нив се и многу религиозни. Задлабочени во своите мечти, понекогаш имаат отсуство на способност да направат разлика меѓу реална состојба и улузија. Можеби токму ваквите бегства од реалност им овозможуваат на оние нежните, срамежливи и повлечени Риби да се справат со суровоста на светот.     

Ја ценат својата интуиција и знаат да уживаат во животот

Симбол:
Риба

Симболизира:
Океани, промени, гостопримство, пороци, зависност, болници, затвори, филантропија, добротворни организации, заштита на животните, предавство, тајни науки, шпионажа, бегство од обврски, самоубиства.

Елемент:
Вода

Планета:
Јупитер и Нептун – планетата на фантазијата и соништата.

Ден од седмицата:
Четврток

Боја:
Морско сина

Број:
2

Скапоцени камења:
Сафир

Најдобри професии:
Поети, пророци, лекари, писатели, илузионисти, балерини, актери, фотографи, рибари, хипнотизери, монаси, свештеници, медицински сестри, уметници.

За да се спријателите со нив:
Учествувајте во дејностите кои ги извршуваат и помагајте им кога имаат проблеми.

Дел од телото:
Стапало

Добри карактеристики:
Романтични, интуитивни, мистични, услужливи, мудри, спокојни, креативни, ведри, скромни, љубезни, мечтатели, прекрасни партнери, многу романтични, нежни, чувствителни.

Лоши карактеристики:
Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Слатка насмевка, ненадејни движења.

Омилени работи:
Танцување, романтични средби, смеење и плачење, прошетки на плажа, долги поетски писма.

Работи кои ги мразат:
Реалноста, фрлањето на новогодишната елка, дневна светлина, лош дизајн и гласна музика.

Можете да ги најдете:
Како им помагаат на стари лица, како мечтаат во ноќните клубови, како се држат за раце под масата во романтичен ресторан.

Скриена желба:
Да најдат безусловна љубов!