Неделен Хороскоп

Бик

21 Март - 27 Март 

Работа

Ќе се соочите со реалноста. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате, а воедно сте свесни за фактот поради кој не го остварувате тоа. Препреките кои сте ги имале ќе останат зад вас и ќе можите да се соочите со реалноста која е пред вас. Препуштете се на брановите на ентузијазмот и самите ќе се уверите дека сте го одбрале вистинскиот пат. Извонредно функционирате во тим, па очекувајте успех таму каде што се бара ваков начин на работа. Посветете си најповеќе внимание на себе, настојувајте да се опоравите од стресовите и незгодите, почнете од денес, бидејќи ви треба подолго време. Штедете ја енергијата и избегнувајте расправии.

Љубов

Во приватниот живот ситуацијата е вообичаена, без некои позначајни настани. Избегнувајте кавги со партнерот, бидете поискрени и само така ќе можете да ја зацврстите врската. Слободните ќе поставуаат високи критериуми кога избираат партнер. Можеби донекаде и сте во право.Семејството од вас ќе бара поголема присутност во домот.

Здравје

Стабилно, но внимавајте од повреди.

Бикот е стрплив и добронамерен, лесно го одржува мирот и дисциплината. Има силно развиено чувство за материјално, посебно во работите од големи парични вредности. Мирољубив е и тешко може да се налути, но доколку успеете во тоа, ќе научите колку може да биде опасен.

Бикот ќе го препознаете по молчеливоста и внимателноста во однесувањето. Цврст е и постојан, никаде не брза и ако не знаете или не можете да му се прилагодите оставете го на мира. Со својот изглед оваа личност навистина потсетува на бик: немарни, скоро троми движења, краток, масивен врат и најчесто со темен тен.

Пасивноста е негова главна особина. Гостољубив е често и затоа што не сака да оди кај други луѓе, па затоа сака тие да дојдат кај него. Одлуките ги донесува промислено и полека. Немојте да се обидувате, кога еднаш ќе ги донесе, да ги променувате. Биковите се јаки и воглавно здрави личности. Сите неволји, ако дојдат, ги поднесуваат стрпливо и без жалење. Никогаш не се одмаздливи, склони се кон убав живот, а со трпелост и упорност воглавно успеваат да го добијат она што го сакаат. Заедно со Бикот оди и нешто друго, а тоа се парите. Не ги расфрлаат, но и не го ни чуваат. Најчесто ги вложуваат во она што им го прави животот поубав.

Со овој знак владее земјена Венера, затоа овие луѓе се реални и рационални. Цврсто стојат на земја, меѓутоа се многу осетливи и сензибилни. Најдобро се чувствуваат кога сетилата им се задоволени. Затоа тие се најголеми гурмани, кои после доброто јадење ќе испијат чаша добро вино, слушајќи убава музика, а сето тоа во пријатна атмосфера опкружени со убави предмети.

Иако е бавен, мирен и посесивен, со Бикот е многу лесно да се живее, но под услов да не ги реметите неговите навики, никогаш да не дозволите да помисли дека може да се наруши неговата рамнотежа и скапо здобиената сигурност. Неговата сигурност во многу зависи од она што поседува - пари, работа или личности, а ако од овие нешто му биде одземено тоа ќе ја разниша неговата рамнотежа.

Бикот би сакал да може се да собере и зачува: чувства, непосредни сознанија, сеќавања, поими. Живее во страст кон поседување која лесно може да премине во фикс - идеа, а посебно во опсесивна љубомора.

Бикот има две основни потреби, прво да биде прифатен од страната на другите и второ, да ужива во сите благодети на овој земен живот. На Бикот му е потребен јак мотив за да придвижи својата латентна енергија. Другите можат со денови да го наговараат на нешто, но тој ако не е мотивиран тврдоглаво ќе се придржува кон својата одлука, која подоцна може многу да го чини. Ако е емотивно испровоциран, Бикот станува егоцентричен, охол, зајадлив, а многу често и многу вулгарен во своите реакции. Тврдоглавоста кај него делува како еден вид одбрамбен механизам. Без оглед на се, сепак Бикот е контролиран и добронамерен. Многу често е меланхоличен и повлечен. Тој не е многу зборлест, но не е ни многу стамежлив. Бикот не го комплицира животот, но не сака ни другите тоа да му го прават. Тој ве цени вас, ценете го и вие него.

Збор кој најдобро го опишува Бикот е мир, а тоа е негова природна состојба.

Симбол:
Бик

Симболизира:
Силата на волјата, тврдост, стабилност, издржливост, чувствителност, конкретност, музика.

Елемент:
Земја

Планета:
Венера - планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата:
Петок

Боја:
Зелена и сина.

Број:
2 и 6.

Скапоцени камења:
Аквамарин, смарагд.

Најдобри професии:
Пејачи, музичари, оратори, администратори, сметководители, градинари, еколози, ветеринари, економисти, банкари.

За да се спријателите со нив:
Не се спротивставувајте на нивните идеи! Често канете ги на некое место да јадете заедно.

Дел од телото:
Врат, грло, вилица.

Добри карактеристики:
Трпеливи, практични, внимателни со парите, одговорни, организирани, романтични, внимателни, посветени, грижливи, секогаш подготвени да дадат морална поддршка, добри кулинари.

Лоши карактеристики:
Премногу попустливи, инаетчии, бавни, мрзеливи, тврдоглави, суетни, премногу претпазливи, евтини, завидливи, љубоморни, материјалисти.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Длабоки и сентиментални очи; долг и елегантен врат; карактеристична вилица.

Омилени работи:
Фотографирање, планини, добра музика, добра храна, сатенски чаршафи.

Работи кои ги мразат:
Хотели, утра, валкани работи, да бидат избрзувани, бесцелно трошење пари.

Можете да ги најдете:
Споредувајќи ги цените при купување на луксузни работи; пеејќи во бенд или хор; работејќи три работи едновремено; изложувајќи слики во уметничка галерија.

Скриена желба:
Да го поседуваат најдоброто!