Неделен Хороскоп

Рак

21 Март - 27 Март 

Работа

Искористете го периодот за завршување на поважните работи, бидејќи енергијата ви е на високо ниво. Ќе работите промислено сигурно без да се двоумите. Ќе поминете лесно во избегнувањето на обврските, па ќе можете да се зафатите со приватни работи. Во комуникациите ќе ви биде потребна дискретност, бидејќи преголемата импулсивност може да го промени мислењето кај некои луѓе од кои зависи вашата иднина. Можеби и ќе испаднете смешни. Не го дозволувајте ни тоа. Прифатете го мислењето на мнозинството за некои спорни случувања. Нема потреба да спречувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници.

Љубов

Во сентименталните односи ситуацијата е дојдена до крајот превземете нешто додека не биде касно. Партнерот има замерка на вашето однесување. Обрнете внимание на искажаните зборови, особено на пораката која се крие помеѓу редовите.

Здравје

Здраствената состојба ви е нестабилна внимавајте на жолчката и белите дробови.

Личностите кај кои во наталната карта доминира овој знак (Сонце, Месечина, Асцендент или концентрација на планети во Рак) ќе бидат препознатливи во својата околина по следното: многу се подложни на влијанијата на Месечината, т. е. карактерот им е променлив-како месечевите мени. Лесно го менуваат расположението, меѓутоа често се богати со изненадувачки идеи. Лесно се соживуваат со туѓата интимност, чувствата и расположенијата. Преосетливи се и лесно се возбудуваат, затоа прилично се тешки за својата околина. Имаат многу развиена интуиција која често им помага во нивниот живот навреме да избегнат проблематични ситуации. Сакаат атмосфера на домашна удобност, а сепак се премногу немирни за да можат долго да издржат меѓу четири ѕида. Доживуваат чести промени во животот и постојано бараат нови впечатоци. Неповерливи се и воздржани, меѓутоа ако се приврзат кон некого во тој случај се безусловно верни, што секако, многу лесно може да им предизвика големи непријатности.

Се одликуваат со слаба телесна конституција, меѓутоа ако едно од важните  хороскопски места е во добар аспект со Сонцето или Јупитер, лесно ќе го надмине овој недостаток.

Примитивниот тип на овој знак е сентиментален и емоциите му се менуват од восхитување до безнадежност. Имаат склоност кон морбидност. Развиениот тип на овој знак ги контролира своите чувства кои се многу длабоки и тешко ги покажува. Како и кај другите водени знаци им се заканува морална слабост. 

Пасивните и женски влијанија од Ракот се манифестираат во слабата способност за одлучување како и недостаток на иницијатива. Како резултат на својата внимателност и работа во мирна и тивка атмосфера најчесто се успешни деловни луѓе. Имаат склоност кон антиквитети и најчесто се преокупирани со минатото, од иднината воглавно се плашат. Нивните депресии се длабоки колку и нивните стравови.

Никогаш на се долго среќни и кај овие луѓе се наоѓа и извесна доза на злоба. Многу страдаат заради туѓите неволји, така да Ракот често е засолниште за беспомошните и ранетите. Кршливи и ранливи се повлекуваат во себе кога ќе ги повредат и тоа трае со денови. 
Ракот го сака својот дом и е доста приврзан кон своите деца и секогаш е мајка (и во случај кога е татко). Многу е прилагодлив и услужлив и исполнет е со загонетни зборови и жалосни мисли. 
Месечината како владетел на Ракот го претставува одговорот на поединецот на влијанието на околината, па со тоа е воедно и клуч за разбирање на сексуалниот одговор. Управува со емоциите, ја покажува способноста да ги почувствуваат потребите на другите, исто како и сопствените. Да се биде способен за грижа за некој друг е знак за емотивна зрелост и аспектите спрема Месечината покажуваат како личноста реагира на туѓите потреби и барања - инстиктивно или е попречена од сопствените. Месечината ги претставува и навиките, она што го повторуваме низ нашите животи. Астролошката традиција вели дека во наталната карта на жените Месечината е поважна од Сонцето. Можеби тоа беше точно во минатото кога жените само одговараа на надворешните влијанија, неспособни и спречени и самите да дејствуваат, особено во љубовта. Денес жените веќе немаат пасивна улога и ги достигнуваат своите најдлабоки потенцијали исто како и мажите. Полето во кое се наоѓа Месечината е подрачје на несвесното, така да нејзините активности стануваат вообичаени попримајќи дури и облик на навика. Неповолните аспекти со Месечината укажуваат на несигурност и како одбрамбен механизам се јавува агресивност кон другите, а со тоа и тешкотии во љубовта. 

Симбол:
Рак

Симболизира:
Мајчинство и мајчинска љубов, семејство, дом, жена, чувства, родина, реки.

Елемент:
Вода

Планета:
Месечина - божествено тело на расположението и емоциите. Месечината симболизира женственост, семејство, мајка, емоции и потекло.

Ден од седмицата:
Понеделник

Боја:
Бела, сива и виолетова.

Број:
2

Скапоцени камења:
Сребро и перли.

Најдобри професии:
Пејачи, артисти, поети, готвачи, географи, картографи, акушерки, педијатри, социолози.

За да се спријателите со нив:
Секогаш однесувајте се кон нив со почит. Направете да стекнат доверба и сигурност во вас. Пробајте да им го разберете начинот на мислење.

Дел од телото:
Гради, стомак.

Добри карактеристики:
Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни.

Лоши карактеристики:
Озборувачи, изолирани, некомуникативни, хиперсензитивни, премногу компетитивни, премногу емоционални, мрзливи, слаби, љубоморни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Чекорејќи со градите напред; тркалезно како месечината лице.

Омилени работи:
Гурманска храна, работа со деца, музеи и ликовни галерии.

Работи кои ги мразат:
Стари алишта, замрзнати јадења, јавно говорење, да бидат избрзувани.

Можете да ги најдете:
Купувајќи стари и ретки антиквитети; создавајќи ремек дело; во кујната; слушајќи бендови во живо.

Скриена желба:
Да се грижат за своето семејство и пријателите!