Неделен Хороскоп

Девица

21 Март - 27 Март 

Работа

Неделава ќе доживеете многу убави моменти на работното место, па тоа ќе ви даде дополнителен елан во извршувањето на работните задачи. Добро ќе се чуствувате и ништо не ќе можи да ја наруши вашата психофизичка рамнотежа. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Финансиската состојба не е стабилна, а моижни се непалнирани трошоци. Обрнете повеќе внимание на парите кои ги заработувате.

Љубов

Во љубовта ќе имате убави моменти со партнерот, но ве советуваме на повеќе толеранција. Некој ваш стар пријател ќе ви овозможи да се запознаете со мошне интересна личност која веднаш ќе реагира на вашето додворување. Во кругот на вашето семејство ситуацијата е одлична ќе решавате за некои сериозни прашања.

Здравје

Ќе ве служи одлично само ако се потрудите да го рационализирате вашето трошење на енергија што е нагласено во овој период.

Личностите кај кои е нагласен знакот Девица во нивниот натален хороскоп (Сонце, Месечина, Асцендент или концентрација на планети во овој знак ќе се одликуваат со следното: Ова се луѓе на практична менталност, со умот насочени кон конкретни работи.  Иако често уметнички и литературен, знакот Девица дава луѓе внимателни во ракувањето со парите, силен трговски инстинкт. Методични, педантни, работат во тишина и мир. Во овој знак се родени извонредни секретари, односно најдобри соработници на оние што раководат и одлучуваат. Ги привлекува градинарството и сите работи поврзани со здравјето, исхраната, хигиената. Девицата е знак на критичност и дискриминација, а тоа е една од нејзините најголеми недостатоци, покрај претераната љубов према методичноста и детализирањето, што е непоимливо за другите поенергични знаци. Но овој знак е поверлив и искрен. Иако бракот не е нивна природна состојба, тие одлично се вклопуваат во тимска работа и се приврзуваат за својата фамилија.

Луѓето Девици не се многу комуникативни, иако знаат одлично да се изразат. Перфекционисти, внимателно ги одбираат пријателите но и луѓето со кои воопшто ќе стапат во контакт. Има уште нешто поврзано со нив, нешто по кое се препознатливи: грижа. Оваа грижа околу и заради се и сешто ги доведува во речиси неуротичен страв од зависност од било кој и било што. Затоа на другите често им изгледаат скржави, иако тие само се обезбедуваат од сиромаштија во староста, бидејќи тоа воедно би значело и зависност. Во врска со овој знакастролозите често спомнуваат една непостоечка (барем за сега) планета за која тврдат дека во иднина ќе биде откриена: Вулкан. Ако е тоа вистина, тогаш не е чудно што брзиот, немирен Меркур повеќе им одговара на воздушните Близнаци отколку на конзервативната Девица. Вулкан-бог на громот истовремено е симбол на умот, педантен и блескав, аналитичен. А тоа е токму умот на Девицата. Во овој земјен знак опасноста за интелектот постои во студенилото кое може да го обвие, скептичноста, понекогаш дури и цинизмот. Но тука е и можноста за развој, длабоко закопана во комплексите на инфериорноста, кои се чести кај луѓето од овој знак. Највозможно е да се научи во секојдневниот живот, во практични работи, со искуство на непрекинато повторување на постапките. Тука Девицата е мајстор.

Склоноста на Девицата кон чистота не смее да се сопре само на телото, прочистувањето на душата, духовната хигиена е задача на овие луѓе. На  знакот Девица и припаѓа збор кој ја опишува во секој поглед, и морално и физички: чистота.

 

Симбол:
Девица

Симболизира:
Перфекционизам, аналитичност, логика, работливост, детализирање, потчинетост, ефикасност.

Елемент:
Земја

Планета:
Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Во Римската митологија Меркур е пратеник на боговите, познат по своите аналитични способности. Тој е исто така познат по комуникациските способности, брзината и интелектот.

Ден од седмицата:
Среда

Боја:
Светло зелена

Број:
5

Скапоцени камења:
Сафир и топаз.

Најдобри професии:
Лекари, фармацевти, социјални работници, секретари, градежни работници, сметководители, библиотекари, медицински сестри и секакви работи поврзани со хигиена.

За да се спријателите со нив:
Поради тоа што ги сакаат деталите, покажете интерес кон оние детали, кои што обично не се забележуваат.

Дел од телото:
Стомак, половина, дигестивен систем.

Добри карактеристики:
Посветени, креативни, сакаат да помагаат, работливи, остроумни, практични, аналитични, перфекционисти, педантни, чисти, логични, остроумни.

Лоши карактеристики:
Самоуништувачки и самосожалувачки настроени, обожаваат да даваат совети и да ги затрупуваат другите со прашања, премногу критични, скептични, со комплекс за ниска вредност.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Бебешко лице, скитнички очи кои ја анализираат секоја ситуација.

Омилени работи:
Лаптопи, списанија, да се тушираат долго време со ароматизирани сапуни, концерти на отворено, пријатели од детството.