EXCLUSIVE

 

Тимот на Exclusive

Дарко Андоновски

Новинар

Aпсолвент на студии по новинарство, комуникативен, шири позитивна енергија и сака да биде опкружен со пријатели кој го смејат цело време. Сака да се шали на сечија сметка па и на своја, Верува во себе, самоуверен е и харизматичен. Кафето секогаш го пие со пријателите, сам никогаш! Сака своето време да го поминува во читање на историски и психолошки книги и сака да патува далеку од очите на сите со своите пријатели.

Сања Јаневска

Новинар

Дипломиран новинар, ја сака својата професија и тоа што го работи. Кретивен уметнички и немирен дух. Упорна рационална и стабилна, риби во хороскоп, пливам во различни насоки, интуитивна и мистична. Среќна сум кога времето го поминувам со пријателите и луѓето што ги сакам...моето мото низ животот е: задолжително ставете насмевка на своето лице за убав ден чекорете храбро и бидете секогаш тоа што сте, правете го тоа што ве прави среќни па макар и да е некогаш погрешно.

Маријана Аспровска

Новинар

Млада, амбициозна и ентузијастична личност која го сака тоа што го прави. Ужива да патува, открива нови места и запознава интересни луѓе. На животот гледа како шанса која треба да се искористи максимално, а новото искуство е секогаш добредојдено.

Димитар Бабалков

Новинар

Дипломиран новинар, важи за комуникативен, енергичен и динамичен човек. Обожава театар, хорор филмови и забавни книги. Денот ретко го започнува со кафе, но обожава да пие кафе во големи количини. Верува во своите способности. Слаба страна му е што лесно простува и ретко знае да се лути.

Ема Стојова

Новинар

Дипломиран новинар со позитивна енергија и голема желба за истражување нови работи. Комуникативна и весела личност која е вљубена во психологијата, филозофијата и астрологијата. Амбициозна, многу самоуверена со многу идеи. Авантурист и дух кој никогаш не е мирен. Мото во животот “Ако вашите соништа не ве плашат не се доволно големи“.

Христијан Марковиќ

Новинар

Млад и енергичен кој радо би бил на фудбалскиот терен наместо пред компјутер. Кога не е на тренинг сака да истражува и да учи нови работи. Експерт за social media и шампион во брзо шерување.

Менаџмент

М-р Никола Митревски

CEO

 

Аритон Кандикјан

Менаџер за продажба

 

М-р Тања Иванова-Ѓеорѓиевска

Менаџер за финансии

 

Стефана Симоноска

Маркетинг менаџер