Култура Театар Галерија Настани/Промоции

Светска премиера на „Соларис“ во изведба на МНТ (фото)

634

Македонскиот народен театар ќе одржи светска премиера на својатап оследна продукција „Соларис“ на реномираниот виенски фестивал. Винер фествохен фестивалот, во Виена ќе биде местото каде ансамблот на МНТ ќе ја претстави својата соработка со контроверзниот украински  режисер Андриј Жолдак. Токму на Винер фествохен, Жолдак се прослави пред сега веќе 12 години, со претставата „Еден ден од животот на Иван Денисович“.

„Соларис“ е обработка на истоимениот филозофски и научнофантастичен роман напишан од Станислав Лем. Романот им бил инспирација на голем број режисери и кинематографи, а сега доаѓа негова интерпретација од најголемиот театар во Македонија. Жолдак, инаку ужива огромна почит и сипматии во театарските кругови од Западна Европа, особено во германскојазичните земји. Критичарите уште пред настапот излегоа со позитивни коментари во врска со неговата работа, па можеме да очекуваме дека ансамблот на МНТ одлично ќе ја претстави нашата земја на престижниот интернационален фестивал.

 

Во "Соларис" играат: Дарја Ризова, Дејан Лилиќ, Александар Ѓорѓиоски, Славиша Кајевски, Драгана Левенска, Александар Михајловски, Борче Начев, Софиа Наевска -Трифуновска, Арна Шијак, од кои повеќето учествуваа и во "Електра". Костимограф е Даниел Жолдак, а музиката е на Владимир Кликов. Асистент на режија е Никола Кимовски.