Музика Култура Музички Cover Corner

ПОДОБРА ОД ОРГИНАЛОТ: Една од најубавите македонски песни „Во бестрага“ во нова верзија (ВИДЕО)

1476

За Бојан Дамјаноски и Весна Илиќ - Павловска или пак најдобро, „Бионда“ допрва ќе слушнете. Дефинитивно ова музичко дуо е вистинско освежување на нашата и така заспана естрада.

Овој пат дуото ја „оживеа“ една од најубавите македонски песни, познатата „Во бестрага“ која пред неколку години ја изведе Дарко Гелев - Брејк.

Во малку поинаков аранжман и со изведба во живо, Бојан и Весна направија оваа песна да продолжи да живее.

А, како бонус преработка, „Бионда“ го препеаа и еден од најголемите хитови на прерано починатата пејачка Ејми Вајнтхаус, „Валери“.

Инаку аудио-продукцијата за овие две песни е на Христијан Ѓорѓиевски, додека пак за визуелизација беше задолжен Зоран Илиќ - Чарли.

Уживајте во двете изведби: