Култура Музика Музички Cover Corner Видеа

По долга пауза Магдалена Ена се враќа на сцена со емотивна песна “Плачат и најсилните„ (ВИДЕО)

844

Магдалена Цветковска Ена во последно време работи како автор. Таа во изминатиот период, заедно со својот брат Лазар кој работеше на музиката, напиша мноштво текстови за нашите и за ѕвездите од соседството.

Таа реши дека е време повторно да застане пред микрофонот и да не почести со нова песна за која сама ги напиша стиховите и која по подолго време таа и ќе ја пее. Музиката, аранжманот и продукцијата ги потпиша нејзиниот брат, хитмејкерот Лазар Цветковски.

Станува збор за песната “Плачат и најсилни”, видеото го сними на неколку локации во Прилеп и во Скопје.

Уживајте во емотивната песна на Ена