Концерти Настани/Промоции Култура

„Охрид колинг“ на 1 август ќе го „СТРЕСЕ“ Охрид и Билјанини извори!

481

Десетици илјади фанови од регионот се очекува да привлече првото издание на фестивалот "Ohrid Calling" што го организира светски реномираната продукциска куќа „Авалон“. На 1ви август на СРЦ „Билјанини извори“ ќе настапат светски познатите диџеи Nicky Romero and Lost Frequencies, на 13-ти август на Античкиот тетар концерт ќе одржи легендарниот гитарист Алди Меола, а шлагот на тортата е настапот на култниот британски бенд „The Prodigy“ на 14-ти август на „Билјанини извори“.


На средбата со новинарите, менаџерот Денис Илиоски од „Авалон“ продукција, истакна дека по квалитетот првото издание на "Ohrid Calling", всушност претставува „Егзит“ во мало.


 -На огромно задоволство после Загреб, Белград и Скопје го отвараме фестивалот "Ohrid Calling". Да го сакаме, негуваме, помагаме и развиваме со што Охрид ќе покаже дека има услови да организира еден ваков голем фестивал. На балканот го имаме „Егзит“ кој направи чудо во светски рамки, а ја нема оваа убавина и овој простор, но тоа е доказ дека концертниот туризам во светот зема се поголм замав, имаме прекрасни услови за работа, но и контакти низ светот и мислам дека овој фестивал уште долго ќе се одржува. Имаме листа на имиња за сечиј вкус, за што најдобра потврда е одличната продажба на карти не само во Македонија, туку и во Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Грција, а за Продиџи се најавуваат и големи тури од Англија. - истакна Денис Илиоски од „Авалон“.