Музика Концерти Култура Настани/Промоции

Продиџи ова лето во Охрид

657

Главниот туристички центар со светски музички имиња ќе ја збогатува понудата во летната сезона . Под логото „Ohrid calling“ на 14 август на стадионот „Билјанини извори“ ќе настапи познатиот бенд „Продиџи “на 13 август во рамки на фестивалот „Охридско Лето“  на Античкиот театар музичката атракција Алди Меола а на 1 август договорени се настапите на познатите диџеи Лос Фриквенцис и Ники Ромеро кои ќе го промовираат градот и ќе овозможат прилив на поголем број посетители.Огромниот број на музички настани кои ќе се случуваат ова лето само во еден викенд ќе донесат над 15 илјади нови гости на охридската ривиера.

Од агенцијата за промоција и подршка на туризмот очекуваат плодна сезона и надминување на минатогодишните бројки .

Инаку продолжува интензивната промоција на туристичката понуда на Охрид на нови потенцијални пазари како Кина, Русија, Казахстан и Норвешка.