Култура Концерти

На барање на фановите, „Куку Леле“ со нов голем концерт во Central Park

1556

На барање на верните фанови, дуото „Куку Леле“ ќе одржи мега концерт и журка вредна за паметење во сабота (3-ти септември) со почеток на полноќ во дискотеката „Централ парк“ во градскиот парк во Скопје.

Присутните гости ќе можат ексклузивно во живо да слушнат како звучат новите „На сон ми доаѓаш“ и „Шутни го бејбе“ кои деновиве се актуелни на сите радио станици низ Македонија, но и ќе уживаат во хитовите како „Постела рози“, „Кучка неверна“, „Се е против нас“, „Ти немаш појма“, „Блесава си или не“, „Нема да тагувам“, „Цимери“ и „Р'мбам ко црнец“ со кои многу генерации пораснаа.

Веќе традиционално кога станува збор за Роберт Саздов и Панки од популарното дуо „Куку Леле“, концертот во Скопје ќе биде придружен од 14 член бенд на гламурозна сцена со врвно озвучување како за најголемите концерти во нашата земја.

Билетите за концертот на „Куку Леле“ во Скопје веќе се пуштени во продажба, а ќе можат да се набават на врата. Гостите кои сакаат да добијат повеќе информации и да направат резервација можат тоа да го направат на телефоните 072311223 и 078616738.