Книги Култура

„Плачат и најсилните“ најновото дело на Ивана Поповска, кое сигурно ќе ве наежи!

1557

Од Пехчево носам спомени, мислам дека тие живеат и ќе живеат во мене, исто како што живее и нашето пријателство.Таа е млада девојка, која ја запознав сосем случајно, но пријателството остана.

 

Ивана Поповска е млада талентирана девојка која своите чувства и емоции ги чува за најсилните.Но и тие најсилните понекогаш знаат да заплачат. Не секогаш душата може да издржи под налетот на силни емоции. Телото бранува, рацете треперат, а очите го кажуваат тоа што не може душата. И тогаш како по некое непишано правило извира река од стихови , чиниш секој стих зборува сам за себе, во секој збор е содржана нечија младост, радост, среќа, солза, тага.Се она што може да го носи човек во себе. Не случајно Ивана на стихозбирката и даде наслов ,,ПЛАЧАТ И НАЈСИЛНИТЕ“.Таа својата емоција ја пренесува преку стихот, и верувам дека секој кој ќе ги прочита нејзините поеми нема да остане рамнодушен.Рецезенти на оваа стихозбирка се професорот и стручен соработник Вангелко Лозаноски од Демир Хисар и Г- ѓа Оливера Ширговска од Кичево. Да го поздравиме излегувањето на оваа стихозбирка и да и посакаме успех....ОЛИВЕРА ШИРГОВСКА