Ексклузивни вести Фитнес Спорт Убавина Галерија Девојка на неделата Видеа

Најубавата КИКБОКСЕРКА во Македонија - ќе ве нокаутира со својата убавина (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

24858

Александра Тепеѓозова од Скопје има 15 години и веќе 4 години активно тренира КИКБОКС во најсовремениот фитнес центар во Македонија Магнус. Александра со професионален пристап, напорни тренинзи и стручен надзор за брзо време стекна исклучителни вештини кои се на завидно ниво. Сега во тек се припремите за престојното Европско првенство на кое таргет е еден од медалите кои на Македонија би и донеле значителен успех на ова поле во овој спорт. Благодарение на посветеноста и вложувањето на еден од најдобрите, најспремните и најпозитивните тренери во нашата држава Дејан Митровски-Урко, Александра стекна психо-физички способности кои се достојни за Европското првенство и се надеваме на високо место и успех за нашата репрезентација.

Еxclusive.mk во целост ги поддржува сите млади талентирани спортисти во Македонија и со задоволство ги промовира нивните вештини и планот е да со нашиот проект опфатиме што поголем број на вакви лица низ цела Македонија.

Ова е Exclusivity Project - нов проект на Exclusive.mk во кој ќе се промовира убавината, здравиот живот, модата и животниот стил на успешни македонски граѓани. Во проектот ќе учествуваат многу девојки и момци од цела Македонија со што ќе се промовираат лица, места, објекти и настани. Во план е да се опфатат околу 50 фотосесии и видеа со кои на професионален начин ќе се прикажуваат нашите учесници.

Проектот Exclusivity Project го спроведува маркетинг агенцијата Exclusivity во соработка со Редакцијата на Exclusive.mk, фотографот Дарио Јанковиќ, нашите покровители и соработници. Наскоро следуваат уште многу епизоди.

Пријавете се и вие во проектот на: info@exclusive.mk

Погледнете ја Галеријата со Aлександра и ВИДЕОТО behind the scenes!!!

Фотограф: Дарио Јанковиќ - Генерал - http://bit.ly/2ccAtCQ

Камера: Дарко Андоновски - Exclusive.mk

Монтажа: Димитар Бабалков - Exclusive.mk

Новинари: Сања Јаневска и Ема Стојова - Exclusive.mk

Make up: Studio Artistico - http://bit.ly/2cLOtkT

Организација: Маркетинг Агенција - Exclusivity и Редакција - Exclusive.mk

Directed by NM

Exclusivity Project

09.2016