Книги Култура

Промоција: Нова книга на Илина Ведран „Заврти нова страница во својот живот“

727

На 04.10., во вторник, во 19 часот, во Кафе-книжарницата ТРИ во Дебар маало ќе се одржи промоција на новата книга на Илина Ведран „Заврти нова страница во својот живот“, во издание на Паблишер.

Книгата е инспиративен водич за лична промена, изработен според прочуениот метод Heal your life (Излекувајте го својот живот) на Лујза Хеј, чиј единствен и ексклузивен лиценциран предавач во Македонија е Илина Ведран.

Промотор на книгата ќе биде Коста Петров.

Ти си сонувач. Твоите соништа ќе станат реалност кога ќе одлучиш да ги живееш. Ти си семоќно суштество. Најголемата моќ е во твојата ЉУБОВ. Ти си светлина. Секогаш знаеш да блеснеш во најголемата темница. Ти си ЧУДО. Луѓето кои се сакаат себеси им дозволуваат на другите да бидат тоа што се, прифаќајќи ги такви какви што се, без намера да ги променат. ... Љубовта не значи да бидеш врзан, туку да бидеш слободен во своите избори, да бидеш целосен и кога никој не е до тебе, да се чувствуваш сакано и ако си заминат од тебе, да се сакаш иако другите не го сакаат тоа што си ти.

Верата во доброто секогаш се враќа со добро. Ако сме отворени кон животот и даваме дозвола да ни се случуваат работите, животот секогаш ќе нѐ дарува кога ќе ни биде најпотребно. Животот нѐ сака и поддржува во секој момент, но за да го почувствуваме тоа, треба и ние да почнеме да го сакаме и да веруваме дека сме заштитени и поддржани.

„Неверојатна приказна која ќе ви покаже дека секој ден е шанса за нов почеток.“ - Коста Петров