Култура Театар

Биди дел од врвните актери: Запиши се во драмско студио „Сцена“

891

Колку пати си посакал да бидеш врвен актер и да играш на сцена, па и на филм? Ако ја имаш желбата и талентот го носиш во себе, ова е шанса која не се пропушта. Биди дел од драмското студио „Сцена“.

Програмата по Актерска игра ја водат Теа Беговска – дипл. режисер и Миа Кантарџиева – дипл. актер.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со театарската уметност тргнувајќи од основи и практични вежби, па се до реализација на театарска претстава.

Со што сакаме да ги запознаеме учесниците:

-              Што претставува актерска игра, и како актерот најлесно да се снајде во просторот на сцена.

-              Што претставува театарска режија, и колку е важен режисерот во создавањето на една театарска претстава.

-              Како актерот правилно да се изразува и говори на сцена.

-              Како најлесно се учи текст за претстава.

-              Како се создава улога за претстава.

-              Што се имагинација, и како преку практични вежби имагинацијата може да помогне во актерството.

. Посета на театарски претстави

. Гости актери и режисери

. Курсот се одржува од октомври 2016 год до мај 2017 год.

. Заеднички настап (претстава) на крајот од програмата.

Инфо:

Пријавувањето трае во текот на целиот прв семестар, односно до крајот на 2016 год.

Контакт: 078 606 293, 078 335 423

Адреса: Андон Дуков бр10, Дебар Маало

*часовите се одржуваат во просториите на Детско Балетско Студио ТУТУ

Сигурно ги знаете, ама чисто за потсетување, погледнете ги интервјуата со актер Миа Кантарџиева и режисер Теа Беговска кои ги има направено Exclusive.mk: