Мобилни телефони Технологија Компјутери

Фејсбук нуди нови можности за онлајн заработка

642

Фејсбук пушти во употреба нова функција – „Маркетплејс“ (Marketplace), којашто служи за трговска онлајн размена.

На почетокот, таа опција ќе биде достапна само во САД, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. На овој начин социјалната мрежа влегува во непосредна конкуренција со регионалните платформи за продажба на интернет.

Но, како и во секоја друга ваква можност, треба да внимаваме на можни измами, предупредуваат стручни лица.

Ова претставува еволуција во трговско-заработувачката политика на Фејсбук, којшто моментно брои приближно 450 милиони корисници. Можностите за секојдневна стокова размена се бројни и разновидни. Сега тој процес стана и формален.

Концептот е таков што, за да понудите нешто за продажба, се објавува слика, наслов, опис и цена, и верифицирање на вашата местоположба. Потоа, Фејсбук автоматски пребарува и наоѓа можни заинтересирани корисници врз основа на страниците каде што тие кликале „Ми се допаѓа“, за да им ја предложи вашата понуда.