Култура Театар

Претседателот Д-р Ѓорге Иванов го одликува НУ Драмски Театар Скопје со Орден за залуги на Македонија

1232

„Ако животот е театар тогаш каква претстава им даваме на нашите деца“, рече еднаш Шекспир, а претседателот на Република Македонија  Д-р Ѓорге Иванов ја одликува НУ Драмски Театар Скопје со Орден за залуги на Македонија, по повод 70 години, јубилеј, Драмски Театар. Вечерва со почеток во 20 часот врните македонски актери. Драмскиот театар успешно ја пишува својата приказна благодарение на професионалнота на првиот човек не театарот, директор Роберт Вељановски.

Драган Спасов, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Билјана Беличанец - Алексиќ, Роберт Вељановски, Игор Ангелов, Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Гордана Ендровска, во Белград ќе ја одиграат познатата театарска претстава „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, режирана пак од Дејан Пројковски.

Годинава кога Драмскиот театар прави убав јубилеј треба да се потсетиме од каде се почна. Магичниот круг започна на 21.04.1946 година со првата куклена претстава Силјан Штркот, работена според народна приказна, а веќе од 1949 година театарот се именува како самостоен Куклен театар. На 10.01.1958, со првата жива претставаПринцот и просјакот од Марк Твен и Сергеј Михалков, се создава Младинско-детскиот театар. Во 1964 од Македонскиот народен театар се издвојува една група од проминентни актери и актерки, кои пристапуваат во Театарот. Во 1967 година, на Стерииното позорје во Нови Сад изведбата на претставата Покојник од Бранислав Нушиќ ја добива главната Награда за најдобра претстава. Со истата претстава театарот учествува и на белградскиот Интернационален театарски фестивал- БИТЕФ. Официјално, од оваа година, театарот го добива и името Драмски театар – Скопје.