Технологија Наука, новости Компјутери

Нови MacBook лаптопи: Apple подготвува револуција за 27-ми октомври

881

Предолго се дискутираше за тоа зошто Apple ja запостави својата MacBook Pro линија на преносни компјутери, којашто е прв избор за многумина, но според перформансите и хардверот, се чини како помалку да заостанаа.

Компанијата Apple и официјално во медиумите испрати покани за случувањето коешто на 27-ми октомври ќе се одржи во Купертино, а на коешто ќе бидат претставени новите модели на MacBook преносните компјутери.

Нагодувањата говорат за тоа дека MacBook Pro исто како и MacBook ќе остане без класичните USB портови, па дури и влезот за слушалки, додека ќе биде имплементиран USB-C порт којшто ќе прерасне во нов стандард.

Тука се и нагодувањата за OLED бар екранот над тастатурата којшто би требало да ги замени функциските тастери, како и наводната динамичка тастатура и значајното подобрување во врска со графичките и останатите перформанси.

Всушност веќе одамна се дискутира за тоа дека Apple ја запуштил својата MacBook Pro линија на преносни компјутери, којашто е прв избор за многумина, но кога станува збор за перформансите и хардверот “под хаубата”, се чини како тие помалку да заостанаа.

Вистина, во 2015-та година Apple во продукција го турна MacBook преносниот компјутер со екран со дијагонала од 12 инча и еден USB-C приклучок. Меѓутоа, овој преносен компјутер беше наменет првенствено за оние коишто се постојано на пат, додека MacBook Pro отсекогаш важел за “професионален компјутер”.

Сепак, изгледа дека сега е вистинскиот момент кога Apple повторно ќе донесе нова револуција со претставувањето на новите MacBook Pro модели.