Спорт Кошарка

АБА: Нов пораз за МЗТ Скопје

594

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа нов пораз во рамките на АБА лигата. На гостувањето кај Мега, македонскиот шампион загуби со 87:72 (27:22; 15:16; 23:19 и 22:15).

Ова за екипата на Мега е втора победа.
МЗТ Скопје на овој дуел настапи ослабен бидејќи поради повреди неколку играчи не можеа да бидат на располагање на тренерот Александар Јончевски.
На вториот дуел од 7.коло одигран денеска Игокеа - Цедевита 69:84.
Колото ќе биде комплетирано со двата натпревара што се играат денес: Морнар - Црвена Звезда (почеток 18 часот) и Карпош Соколи - Олимпија (21 часот).