Спорт Кошарка

Стојановски прв асистент во лошата партија на Бетис

821

Капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски со неговиот Реал Бетис го доживеа и петтиот пораз во осмиот првенствен меч во Ендеса лигата.

Составот од Андалузија беше преслушан на свој терен од Мурсија со 103:77. Домаќините беа на на минус осум по првата четвртина (28-20), за да во вторите 10 минути дадат само три поени, односно гостите на паузата заминаат со 52-23 и беше јасно кој ќе го освои целиот плен од овој натпревар.

Војдан даде 8 поени со 1 скок и 4 асистенции со што во последниот статистички податок беше најдобар во својот тим заедно со Чери.

Бетис и во следната рунда има многу тешка задача, гостување кај Валенсија.