Здравје Медицина Online Doctor

Настинка, грип или алергија? - Спец. Д-р Маринела Малинова

1353

Често пати се случува да обични горнореспираторни вирози или попознати во народот како настинки се прогласуваат за грип. Додека пак инхалаторните алергии на полен, трева, прашина поради сличните симптоми на настинка се третираат само симптоматски без соодветна антиалергиска терапија.Или пак уште полошо да се започне со антибиотски третман кај алергии(што најчесто се прави на своја рака без консултација со лекар)и е тотално погрешно.

Настинка или грип?

Грипот е пратен со симптоми како што се:висока температура,треска,јака исцрпеност,лоша општа состојба и болки во мускули.Негов предизвикувач е специфичниот вирус на influenza. Секогаш дава потешка симптоматологија од настинката која е ограничена само на горни дишни патишта,грипот ги зафаќа и горните и долните дишни патишта и често се комлицира со бронхит.

 

Настинка или алергија?

Инхалационите алергии на полен,трева,прашина итн.даваат симптоми што се многу слични на настинка.Тоа се:затнат нос,бистра,водлеста секреција од нос,кивавица,чешање на слузницата на носот и очите,солзење.Но за разлика од настинките алергиите траат многу подолго и обично се сезонски но можат да бидат и целогодишни.Алергиите можат да се детектираат освен клинички и со посебни тестови и третманот е различен од третманот на настинките.

 

 

Спец. Д-р Маринела Малинова Специјалист по оториноларингологија