Спорт Кошарка

Продолжуваат возбудувањата во Евролигата со 9.коло. Што не очекува денеска и утре?

525

Денеска и утре во кошаркарската Евролига на програмата се натпреварите од 9.коло.

Вечерва ќе се одиграат 5 средби, а првата е веќе во 18 часот во Истанбул каде Анадолу Ефес е домаќин на Црвена звезда.

Во останатите средби ќе играат: Олимпијакос-Макаби Тел Авив, Жалгирис-Бамберг, Армани Милано-Фенербахче и Реал Мадрид-Уникс Казан.

За утре се закажани уште три двојки од 9.коло каде се среќаваат ЦСКА Москва-Басконија, Галатасарај-Барселона и Панатинаикос-Дарушафака.

На табелата прва е ЦСКА Москва со скор од 7-1, втор е Реал Мадрид со 6-2, Басконија е трата со скор од 5-3, Олимпијакос има 5-3, Дарушафака 5-3, Фенербахче 5-3, Макаби 4-4, Панатинаикос 4-4, Црвена звезда 4-4, Армани Милано 4-4, Барселона 4-4, Анадолу Ефес 3-5, Бамберг 2-6, Уникс Казан 2-6, Жалгирис 2-6, Галатасарај 2-6.