Здравје Медицина Online Doctor Македонија Став-Колумни Ексклузивни вести

Спец. Д-р Димова: Остеопорозата–тивка болест која ги напаѓа жените во голем процент

5743

Case study спроведено во Неуромедика Ортопедија од Спец. Д-р Александра Димова:

Остеопорозата е болест на коскеното ткиво при која доаѓа до губење на минералнaта содржина на коските, заради што тие стануваат разредени и кршливи. Спаѓа во една од петте најчести хронични болести воопшто, а 80% од заболените се жени. Остеопорозата е болест на постарата популација и нејзини најчести компликации се скршеници на пршлените и на вратот на бутната коска.

Во месец октомври 2016г во Неуромедика Влае во одделот Ортопедија се спроведe истражување Case study за Остеопорозата во Македонија на микро ниво oд страна на експертскиот тим Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски – ортопед, Спец. Д-р Славчо Кусакатски – радиолог, Спец. Д-р Милица Леви – физијатар и Спец. Д-р Александра Димова – ортопед која и ни го презентираше истражувањето. Истражувањето траеше месец во кој беа направени испитувања на 58 жени со просечна старост од 38,5 години. Резултатите од истражувањето беа фрапантни и покажаа дека голем процент од испитаните жени имаат наод на почетна фаза на остеопороза.

“Oд вкупно 58 жени кои го направија скринигот за остеопороза 25 од нив се со наод за остеопенија, а една со наод за остеопороза.  Тоа значи дека 45% од жените подложени на скриниг со DXA скен се со позитивен наод и се подложени на суплементарна, а некои и на бифосфонатна терапија. Дополнително кај дел од нив се препорачани дополнителни лабораториски испитувања. Она што е значително важно е дека просечната возраст на жените изнесува 38,5 г, и со исклучок на 3 кои се постемопаузални, сите други се во активен циклус и без хронична терапија од интерес.

Како заклучок се наметнува препораката да се прават редовни и навремени скрининзи за остеопороза, бидејќи таа е „тивка болест” и во моментот кога ќе даде симптоми веќе е во поодмината фаза. Навременото откривање на остеопенија и остеопороза од друга страна  води кон соодветно лекување и превенција со што ќе се намалат сите можни компликации по здравјето и квалитетот на животот.” - Д-р Александра Димова – ортопед.

Истражувањето на тимот предводен од ортопедот Д-р Димова покажува дека остеопорозата е тивка болест. Огромен дел од луѓето незнаат дека таа е активирана во нивниот организам. Докторите на Неуромедика препорачуваат често да се прават испитувања со цел навремено дијагностицирање и превенирање од болеста. Честите прегледи со DXA скен би биле корисни за голем дел од жените. Треба да се развие свест за остеопорозата слично како за здравјето на дојките со што се спроведува кампања за редовни мамографии и прегледи. Идејата е да DXA скенирањата на скелетот бидат препорачливи и задолжителни кај таргетната група на потенцијални заболени а тоа се жени над 40 години.

DXA (Dual Energy X-ray absroptiometry) или коскената дензитометрија претставува златен стандард во диганостицирањето на остеопорозата. Со DXA апаратот се овозможува рана и сигурна дијагноза на остеопорозата, како и следење на ефектите од ординираната терапија. Постапката е брза и безболна, и со минимална доза на озрачување.

 

Покрај мерењето на коскената минерална густина на колковите, р'бетниот столб и подлактицата DXA апаратот овозможува и:

- проценка на ризик од скршеници

- телесен состав (% коски, масно ткиво и мускули) и Body mass index 

- педијатриски модул за следење на детски раст и компарација на скелетната зрелост

- проценка на скелетот на пршлените како и на целото тело