Спорт Кошарка

ЗОШТО Врбица Стефанов си замина од Кожув?

964

Врбица Стефанов повеќе не е шеф на стручниот штаб на Кожув откако долгогодишниот македонски репрезентативец си поднел оставка од тренерската функфија кај прволигашот од Гевгелија.

Младиот стратег полн со ентузијазам го прифати предизвикот во Кожув, позитивно одговарајќи на понудата во месец август, кога оваа екиап немаше утврдено буџет, ниту пак потпишано кошаркар во својот ростер. Тој успеа да склопи екипа со помал буџет од оној што Кожув го имаше во претходните сезони, но резултатот сепак беа клучни за промена на атмосферата во овој клуб. Имено, по почетниот триумф над Башкими во БИБЛ-лигата следеа дури четири неуспеси во низа во регионалното натпреварување, надополнети со поразот на домашен терен од Фени индустри во рамките од првото коло од кошаркарската Прва лига.

Неофицијално, тимот на денешниот натпревар против Куманово ќе го води Игор Михајловски, кој воедно е и главен фаворит за перманентен наследник на Стефанов.