Вести Ексклузивни вести Exclusive TV Интервју Здравје Убавина Забава Мода

Интервју со Костадинка од Студио „Костадинка“: Висок степен и топли нијанси на коса е полн погодок! (видео)

6964

Посакувате уникатен и препознатлив стил, а притоа да не потрошите многу време и пари? Не бидете веќе во дилема, едноставно следете ја светската модна шема, благодарение на Костадинка од Студио „Костадинка“. За секој повод и прилика, совршена шминка и фризура. За ноќта „најлуда“ од годината истакнете се во уникатен новигодишен и празничен стил.

„Има голема разлика меѓу семинарите одржани тука и во стванство. Искуството е големо, бидејќи бев во фабриката и лабораториите и видов како се прават производите за коса од фарби, хидрогени, киселини, шампони до восоци и масла за бради. За да можам на моите клиенти да им го пренесам сето тоа што е тренд во една светска метропола и први да го пробаат и да бидат во тренд. Кога нешто прво се пробива на пазарот е тешко, клиентите се двоумат, но кога ќе видат на некој друг веднаш се препуштаат на моите вештини, нови идеи и техники. Милано е меѓу првите градови во светот на модата. Убаво е кога ќе се отиде во таков град, кога ќе се видат многу убави и нови работи. Тоа е што можам да ви кажам во кратки црти.Треба да се отиде и да се почувствува како што јас бев одушевена. Повторно ќе се вратам на моите почетоци кои не треба да ги заборавам. Небеше лесно да се стигне до ова, но искрено верував во себе и знаев што сакам“, накратко вели Костадинка. Многу трикови и идеи за тоа што е тренд и како се постигнува истиот за беспрекорна фризура и шминка погледнете го видео интервјуто.

 

Локација: Ул „Драгиша Мишовиќ“ бр. 3

Телефон за информации: 077 442 443 

ФБ: Kostadinka_mladenova