Exclusive TV Репортажи

Бајка во реалноста: Новогодишна репортажа од Брисел

878

Жителите на Брисел како и најголемиот дел од туристите кои се наогаат во овој град, најлудата ноќ ја прославуваат на Гранд плаза.

Еден од најубавите плоштади во светот, кој поради својата 10- вековна историја и грандиозните градби е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство од Европа.

Најатрактивна секако е новогодишната елка. Оганизаторите за украсување на градот одлучија  да отстапат од традицијата, па наместо природна, во средиштето на Гранд Плаза поставија висока електронска елка, која преставувала дел од проектот “Светл“.

“Таа преставува, одраз на духот и времето на уметниците на градот“, објаснуваат од канцеларијата на градоначалникот на Брисел. Но, елката не им се допадна ниту на жителите, ниту пак на туристите. Уште првиот ден над 10.000 граѓани го ставија својот потпис за нејзино одстранување. Не, воопшто не ми се допаѓа. Не, е посебна, индустриска е, не ми се допаѓа. Не е стислки соодветна. Ова е историско место, а дрвото не е баш историско“, се најчестите коментарите на жителите на европската престолнина.

Критичарите на апстарктното светлосно дрво сметаат дека, оваа промена се должи на се’ почестите забелешки од страна на граѓаните со исламска вероисповест, кои во Брисел ги има во голем број, бидејки китењето на новогодишната елка не се совпаѓа со нивната традиција. 

Инаку, Булеварите и плоштадите низ Брисел, се украсени како што долкикува на светска метропала. Во ресторантите веќе одамна се пополнети резервациите за дочекот на Нова година. Цените се високи, но понудата ги задоволува стандартите и на најпребирливите туристи.