Култура Книги

Никогаш нема да заборави Божиќ: Дознала како изгледа сексот после 40 години

2292

Многу сексуални експерти тврдат дека сексот со текот на годините е се` подобар, затоа што луѓето се поискусни. Но, авторот на книгата „Секс после 40“ не се сложува со нив. Една мајка за подарок ја добила таа книга од својот син и се воодушевила за она што го видела во неа.

Кога го одмотала подарокот, таа наишла на книгата „Секс после 40“, што никако не очекувала дека ќе ја добие од својот син. Таткото, кој претходно знаел што ќе и` подари нивниот син на неговата мајка, со фото апарат ги овековечил нејзините реакции откако ја видела книгата и откако ја отворила.

Кога ја отворила книгата, првите страници биле празни, а потоа, прелистувајќи и понатаму, открила дека сите останати страници во книгата се – празни. Ниту таа ниту нејзиниот син не можеле да престанат да се смејат. Без разлика дали авторот на книгата е во право или не е, тој им ги разубавил празниците на членовите од ова семејство со своето оригинално дело.