Ракомет Спорт

Македонската ракометна репрезентација нема голман, повикува малку познати голмани од малите клубови

1759

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар го објави поширокиот список на ракометари за СП во Франција во јануари 2017 година. Огромно изненадување претставува фактот што Борко Ристовски и Ацо Јоновски воопшто не се ниту на поширокиот список, но затоа Червар ќе се обиде да го убеди Миркуловски кој би бил од огромна помош во Франција.

„Работиме на еден копцепт на развој на машкиот ракомет. СП 2017 е нов пат за нас, мораме да имаме визија за нашата цел. Само со промена се доаѓа до успех. Борко направи убава кариера, бранеше во Левен, сега е во Барселона и има постигнато многу со македонската репрезентација. Мислам дека тој е меѓу оние кои се емотционално истрошени и тоа беше моја одлука“, истакна Червар.

Како замена за Ристовски, на списокот има четворица голмани и тоа Кирил Колев од Пелистер, Никола Митревски од Бенфика, Благојче Трајковски од Охрид и Даниел Ѓорѓески од Вардар јуниор. Дефинитивно ова е големо изненадување бидејќи по многу години на голот ќе го нема Ристовски.

ГОЛМАНИ

Никола Митревски Бенфика (Португалија)
Кирил Колев Пелистер
Благојче Трајковски Охрид 2013
Даниел Ѓорѓески Вардар јуниор

ЛЕВИ КРИЛА

Дејан Манасков Рајн Некар (Германија)
Гоце Ојлески Одорхеи (Романија)
Давор Палевски Металург
Бојан Маџовски Пелистер

ДЕСНИ КРИЛА

Гоце Георгиевски ЧСМ Букурешт (Романија)
Никола Костески Металург
Мартин Поповски Вардар јуниор

ПИКЕРИ

Никола Маркоски Орошази (Унгарија)
Стојанче Стоилов Вардар
Жарко Пешевски Металург

БЕКОВИ

Велко Маркоски ППД Загреб (Хрватска)
Кирил Лазаров Барселона (Шпанија)
Филип Лазаров Унив. Темишвар (Романија)
Филип Талески Металург
Марко Нелоски Металург
Стефан Дрогришки Металург
Ристо Арнаудовски Ферлах (Австрија)
Влатко Митков Кремс (Австрија)
Мартин Манасков Вардар јуниор
Филип Миркуловски Вецлар (Германија)
Ласко Андоновски Пролет
Мартин Велковски Металург
Горан Крстевски Металург
Јовица Младеновски Охрид 2013.