Спорт Ракомет

ОГРОМНО ПРИЗНАНИЕ: Начевски и Николов се најдобра судиска двојка во светот, според ИХФ, за 2016 година

826

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се избрани за најдобра ракометна судиска двојка во светот, во изборот кој го организираше Светската ракометна федерација (ИХФ). Тие добија најмногу гласови и застанаа на врвот, пред данската двојка Гјединг – Хансен, и српските судии Стојковиќ – Николиќ.

Начевски и Николов оваа година беа дел и од ракометниот турнир на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро, а се избрани како делители на правдата и на претстојното Светско првенство за мажи што ќе се одржи во Франција. Со ова тие ја продолжуваат непрекинатата серија на учества на најголемите ракометни натпреварувања, уште од 2005 година.

 

извор: екипа.мк