Култура Концерти

СПЕКТАКЛ НА МРАЗ: Прв пат во Македонија „балет на мраз“ (Фото)

709

Во Македонската опера и балет првпат во Македонија вчера и денес гостува Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, кој ќе ја изведе претставата „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски.

Балетот е основан во 1967 година од истакнатиот кореограф Константин Бојарски и музичкиот директор Лео Корхин. Од 1995 почнал да одржува претстави низ оперските и балетските сали низ светот.

На својот репертоар ги имаат поставено најпознатите балетски претстави „Лебедово езеро, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“… кои се изведуваат на мраз, надополнети со грандиозна костимографија и сценографија.

Првата претстава беше вчера во 18 часот, а втората во 21 часот. Денес, сабота, 17 декември првата претстава е во 18 часот, а втората е во 22 часот.