Спорт Останато Забава Мода Здравје Убавина Фитнес Исхрана

Synergy Fitness & Spa за фит и добро градено тело: Јаглехидратите и вежбањето

1799

Сите оние кои вежбаат, активно или рекреативно, знаат дека вежбањето на празен стомак не е добра идеја.

Убедувањето дека исхраната со низок процент на јаглехидрати ги отежнува перформансите при изведување на физичките вежби, односно изведувањето на интензивни кардиоваскуларни вежби е потешко кога се консумира храна сиромашна со јаглехидрати, од причина што при ваквиот тип на вежбање јаглехидратите се користат како енергија. Режимот на исхрана со низок процент на јаглехидрати ќе ве остави без доволно гликоген, при што долготтрајното и интензивно вежбање би било неефикасно, а исто така и невозможно да се изведе до крај.

Вежби кои најмногу исцрпуваат бараат квалитетни јаглехидрати, протеини, масти и многу течности кои се здрави за срцето. За време на една таква активност, во човечкото тело настануваат низа на хемиски и метаболички реакции, при што е потребно користење на енергија која доаѓа во форма на аденозин трифосфат (АТФ), а примарниот извор на АТФ е гликогенот, складиран во форма на гликоза.

Комплетниот оброк пред вежбање, или т.н. pre-workout оброк, ќе овозможи подобра издржливост и концентрација, повеќе енергија и доволно хранливи материи, кои инаку телото би ги црпело директно од мускулите.

Извонреден избор на храна која треба да се консумира пред тренинг е: интегрален ориз или тестенини, јаткасти плодови, зеленчук, млечни производи, и овошје кое претставува скапоцен извор на витамини и јаглехидрати, кои имаат есенцијални шеќери кои му се потребни на организмот. Несомнено, најдобро овошје за консумирање пред вежбање се бананите, бидејќи се богати со јаглехидрати и калиум, кој ја спречува појавата на грчеви во мускулите. Добар избор е и овошје од цитрусната група, бидејќи овошките од оваа група се богати со витамин Ц кој одлично го хидратизира телото.

Автор: Марјан - Synergy Fitness & Spa