Галерија Настани/Промоции

ЕМ ПРОСЛАВИ ЕМ ПОМОГНИ: Хуманитарна новогодишна прослава за 17-годишниот Антонио!

1729

Младата волонтерка во Црвен крст Александра Давидовиќ и Иван Црња организираат хуманитарна забава со мото "ЕМ ПРОСЛАВИ ЕМ ПОМОГНИ". Целта им е да ја подигнат свесноста на граѓаните на град Скопје и пошироко дека може да бидат хумани и да ја дочекаат новата 2017 година не било каде туку на место каде дел од собраните пари од продадените карти ќе бидат донирани за младото момче Антонио Антониевски од Градско на кој му треба донација за операција на бубрези.

Почитувани, ве покануваме заедно да ја испратиме старата и да ја дочекаме и прославиме новата 2017 година.

„Ем прослави - Ем помогни“ е мотото на оваа забава, бидејќи покрај тоа што ќе се развеселиме и забавуваме, ќе помогнеме едно детенце да оди на лекување. Се работи за 17 годишниот Антонио од Градско кој е роден со нефрокалциноза и тубуларна ацидоза (хронична бубрежна болест- бубрези кои не се развиваат и не растат со текот на годините), на кој итно му треба трансплантација и лекување.

Прославата ќе трае два дена 31.12.2016 ( 22:00-03:00 часот) и 01.01.2017 (22:00-03:00 часот) во Кафе Коцка. Со купување на карта од 1200 денари добивате влез за двата дена, неограничено пиење (водка, коњак, пиво, узо, вино, газирани и негазирани сокови) и кетеринг.

До 25.12 картите ќе бидат 1200 денари, а потоа ќе бидат 1500 денари.

Тимот од организаторите ќе донира дел од продажбата на картите за Антонио.

Бидете дел од оваа забава, да си поминеме убаво и да имаме спомени кои вечно ќе траат, а пред се бидете и хумани!

Од срце сакаме да му помогнеме на Антонио за тој како здраво момче следната Нова година да ја прослави со сите нас.

Контакт телефон за резервации и карти: 071 954 325