Галерија Настани/Промоции

Зошто Град Скопје се откажа од дочек на Новата година на плоштад?

1815

Градот Скопје соопшти дека се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје.

Од Градот Скопје велат дека 10 години наназад трошат минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финансирале мобилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требало да биде Македонски Телеком.

Плусинфо ја покрена иницијативата за пренамена на средствата за прослава на Новата Година прашувајќи ги Град Скопје и Општина Центар, како и другите поголеми општини, дали ќе се откажат од прославите за парите да ги донираат за социјалните случаи. Вчера и градот Велес соопшти дека се откажува од прославата и ќе ги донира парите.

Претходно, Градот Скопје, најави повеќедневна богата програма со финансиска поддршка на Македонски Телеком и Пивара –Скопје, за дочек на Новата 2017 година, на плоштадот „Македонија“. Беше најавено дека ќе настапат DJ Douz, Адријан Гаџа, Слаткар Каролина Гочева и Миле Кузмановски.