Вести Ексклузивни вести Став-Колумни

Ќе се покаеш ако не го прочиташ писмово: Бојан (8)„Мамо сакам да те гушнам, не ме оставај“!

4851

Колку што може детското срце да е искрено, не може никое друго. Детската солза го кине и она што е најтудено и најтврдо. Детските мали рачиња знаат да остават толку драг и силен печет на љубов каде и да допрат.

„Каде си мамо, зошто и оваа ноќ не си тука. Зошто мамо ме остави кај непознати и за мене толку страшни и чудни луѓе. Мама, душата моја трепери и солзите навираат во моите малечки очиња. Сакам да си тука, да те гушнам и да заспијам во твојата прегратка. Со малите прстиња да ја бушавам твојата коса. Сакам да си тука во оваа ноќна глува доба во кој одвреме навреме ќе се слушне само писок и лелек. Мама, те сакам најмногу на сиот свет. Да е морето мастило, а небото хартија нема да ми стаса да напишам колку многу те сакам. Ти си светлината на крајот од тунелот. Ти си светост и нешто најдраго. Знам дека ќе се појавиш во секој миг и ќе дојдеш по мене, а јас до тогаш ќе лежам во кревет и ќе те чекам. Знам дека ова е најдобро за мене, штом ти така си одлучила мила мамо. Верувај ми, лежењето во болнички кревет не е лесно, но кога ќе излезам, со трчање ке се втуднам во твојата прегратка и никогаш нема да те оставам. Те сакам“.

Превземање на оваа содржина, во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.