Спорт Кошарка

Црвена Звезда го реши Реал Мадрид во „Пионир“ (ВИДЕО)

1041

Црвена Звезда го порази Реал Мадрид со 82:70 во натпревар од последниот круг на кошаркарската Евролига.

Дуелот се одигра во преполната сала „Пионир“. Марко Симоновиќ беше најпрецизен со 20 поени, Марко Гудуриќ постигна 12, а со по 11 се истакнаа Стефан Јовиќ и Огњен Кузмиќ.

За Реал само Серхио Љул ја мина границата од десет поени и заврши со 12. Домаќините ги добија сите четири одделни делови, а на полувремето водеа со 43:35. По завршувањето на третиот дел ја зголемија предноста до 62:51 за да победат на крајот со 82:70.