Галерија Фото Настани/Промоции

Накитена подводната елка во Охридското Езеро (галерија)

2124

По 15 пат, нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, ја накитија подводната елка во Охридско Езеро.

Традиционално и оваа година, нуркачите елката ја поставија во езерските води кај Заливот на коските. Во подводното украсување учествуваа и најмладите членови на клубовите за нуркање.

Неодминлив декор на оваа убава традиција и оваа година беше подводниот „Дедо мраз“, кој ги израдува најмладите посетители во Заливот на коските, подарувајќи им новогодишни пакетчиња.

Традиционалното китење на подводната елка оваа година охридските нуркачи го посветија на децата со ретки болести. 

„Упативме апел за помош и истакнавме знаме за поддршка на децата со ретки болести под вода, а секако ова го правиме и за промоција на градот и Македонија и разубавување на празничната атмосфера“, изјави Горан Балески од клубот за подводни активности од Охрид.

Фото: Нова Македонија