Вести Свет Економија

Ќе се отпуштат 5.000 административни работници!

9204

Српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Ана Брнабиќ, најави дека бројот на вработени во државната администрација во Србија во текот на 2017 година ќе биде намален за околу 5.000 лица.

Освен отпуштање на вработени, во државната администрација ќе се направи и реорганизација која подразбира промени во начинот на работење, ефикасно работење на оние кои ќе го задржат работното место и љубезност на вработените спрема граѓаните.

Следната година фокусот ќе биде ставен на реорганизација на Министерството за здравство и за образование, како и на државните претпријатија.

Министерката изјави дека моментално во државната админитрација работат 425.683 луѓе, што е за 23.600 помалку во споредба со 2014 година, кога и почнала оваа рационализација и претставува намалување за 4,7%.