Фитнес Убавина Македонија Култура Lifestyle

Со фитнес до убавина - Овие БИТОЛЧАНКИ ќе ве научат дека мотивацијата и волјата се најбитно нешто

15814

Синоќа во Битола се прославуваше убавината здравјето и животот воопшто. Повеќе од 70 девојки членови на фитнес центарот Силуете Битола, го прославуваа своето дружење во истиот. Предновогодишната забава беше само изговор, за да излезат од спортската опрема и да ја покажат женственоста и негуваната убавина. Сопственичката Елена Стевановска, вели дека битолчанки скогаш важеле за едни од најубавите жени на балканот, но потенцира дека таа убавина не им е само од бога дадена туку умеат да ја зачуваат и продлабочат.

И кој рекол дека жените не умеат да се поддржуваат една со друга?

Синоќа бевме сведоци на долгогодишното дружење на силуетките, кои покажуваат дека вистинските жени  не се натпреваруваат и не се туркаат една со друга. Вистинските жени се подржуваат на патот кон своите соништа, така ги остваруваат своите цели колку и да изгледаат невозможни. На овој начин функционира фитнес центарот Силуете во Битола, за кого секоја од присутните вели дека им е како втор дом.

Фитнес инструкторот Христина Марковска, ја поддржа забавата во нејзин стил. Таа  истакнува дека справите и вежбите се исти дека единственото нешто што ке ве доведе до резултати е истрајноста и мотивацијата, а секако дека ке истраеш на место каде што се чуствуваш како дома. Додаде дека мотивацијата е потребна секој ден, секој миг, секаде во секое поле на животот не само за тренинг. Затоа за секоја девојка следуваше мотивациона порака и награда. Христина вели се надевам дека тоа џебно календарче со некој збор ке смени барем миг или мисла  од некое секојдневие во новата година.

Силуетките несебечно ги споделија своите пораки со нас. Па ако ви недостига мотивација во некој миг сигурно ке ја најдете во некоја од следниве пораки:

 

  • Колку и да е висока планината патека до врвот може да се пронајде.
    • Уживај во она што го имаш додека сонуваш за она што го немаш.
    • Давај позитивност и за возврат ке добиеш живот исполнет со позитивни работи.
    • Твоите мисли се позитивни, само кига мислиш на она што од срце го љубиш. Мисли најмногу на тоа.
    • Ти одлучуваш каков ке биде твојот живот преку она што го даваш. Нека е полн со љубов.
    • Не е важно што ти се случува, туку како реагираш на тоа. Биди победникот во секоја ситуација.
    • Немој да минеш ниту миг во каење, тоа само те кочи кон новиот живот.
    • Изговорите и оправдувањата се тешки за носење, одлучи се за решителност. Секое утро кога ке се разбудиш ти стоиш на пресвртната точка во твојот живот.
    • Живеј денес, не вчера не утре денес. Насели го Ти твојот ден, не го изнајмувај на утре.
    • Вербата е да веруваш во нешто што не го гледаш, а наградата за неа е што ке го видиш она во што си верувал.
    • Што и да замислуваш нека не повредува друг, а нека е најдобро за тебе. Само така ке успееш да ги оствариш замислувањата.
    • Сите негативни работи во светот  се недостиг од љубов. Давај љубов во секоја ситуација.
    • Судбината не е прашање на случајност, таа е прашање на избор сами си ја кроиме..со мисли дела и чуства. Скрои ја со радост за се што имаш.
    • Не гледај -лошо. Не слушај-лошо. Не зборувај-лошо. Така се живее најдобро.
    • Една моќна вечна и неразбирлива сила, сите нас не турка нанапред. Продлжи...не и се противи.
    • Влуби се во животот. Помножи го со десет тоа па со сто и со милиони...сакај го животот.
    • Ако сме доволно паметни во секое разочарување ке најдеме учење и сила.
    • Кога ке сватиш дека реално ништо не ти недостига, сиот свет ти припаѓа тебе.
    • Не биди сама пречка на својот пат. Имај верба во себе.
    • Стави ја љубовта на прво место.Сите материјални нешта потребни за исполнет живот ке дојдат сами кога срцето е полно.
    • Омразата не се победува со омраза. Омразата се победува само со љубов.
    • Она што човек го мисли со срце. Тоа е. Остави ги мислите малце.
    • Како расте љубовта во тебе така расте и убавината твоја. Зошто љубовта е убавина на душата.
    • Гледајки си ги недостатоците стануваш несреќна, а тоа носи уште повеќе несреќа. Благодари за твоите благослови.
    • Чуда се случуваат кога ке ја отфрлиш негативноста и ке се фокусираш само на љубовта.
    • Барај го доброто во се и во секого. И ке најдеш изобилие љубов во себе.
    • Во сржта на секоја препрека лежи можност.
    • Не јади по 20:00 ако мораш нешто да конзумираш нека биде љубов.
    • Секој момент кога се повикуваш на минатото, крадеш дел од својата иднина. Живеј го сега.
    • Можеш да почнеш и од ништо,кога сакаш и од ништото ке се роди можност. Сакај со цело срце...и ајде почни од нешто...
    • Твоите мисли стануваат твои акции, мисли позитивно за позитивни резултати.
    • Зборувај за добрите настани во денот. Пример колку е добро што си здрава.
    • Единствената мерка на љубовта е љубов без мера. Љуби безусловно.
    • Тргни чекор по чекор. Не мораш да го видиш цел пат. Она што ти мораш е само првиот чекор.
    • Само една личност е одговорна за твојата радост и среќа - Ти.
    • Не му давај на твоето тело лоша храна, а уште помалку лоши мисли. Фокусирај се на добро. Ке се чуствуваш добро и ке привлечиш поголемо добро.
    • Сличностите се привлекуваат. Не обратно. Тука сме вечервасите затоа што љубиме.
    • Единствената цел во животот е радоста. Прави го она што те радува за да не живееш бесцелно.
    • Заслужуваш да бидеш среќна, да бидеш нешто поголемо и подобро од вчера.
    • Кога ке го прифатите своето тело такво какво што бог Ви го дал, полесно ке го промените она што е во Ваша моќ.
    • Единственото што не држи заробени се навиките. Почни и менувајги една по една.
    • Зошто да бидеш подобра или полоша од некој друг, кога можеш да бидеш најдобрата Ти.
    • Кога веќе верувате во што било, изберете да верувате во себе.
    • Се што ти е дадено е драгоцено. Можеби ти не ја гледаш вредноста. Но сигурно е драгоцено.
    • Очекувај невозможното да стане возможно. Чуда се случуваат само кога веруваш.
    • Секое утро почни го со свежина и очекувај го само најдоброто од прекрасниот ден. И ке го добиеш најдоброто.
    • Свати дека можеш да се смениш, и тоа со голема брзина. Но тоа го можеш само Ти
    • Зошто да не бидеш оптимист што очекува сѐ најдобро, кој секогаш го наоѓа најдоброто, и секогаш го создава најдоброто?
      • Животот е поедноставен ако немаш натпреварувачки чуства.Не се обидувај да бидеш она што не си. Биди најдобрата верзија од себе, оригинал.
      • Трансформирај го телото, почнувајќи од умот.
      • Канализирај ја таа твоја енергија во вистинска насока и не расфрлај ја беспотребно.
      • Животот не може да оди назад. Тој мора да оди напред секогаш напред... продолжи напред...
      • Не е важно што рече и што направи вчера, важен е само твојот сегашен став.
      • Никогаш не се задоволувај со стоење во место продолжи да одиш и да се стремиш кон навидум невозможното.
      • Направи го денес напрекрасен ден што си го проживеала. Направи му го и на некој друг.
      • Ако имаш проблем, знај дека има решение и не дозволувај да те победи, ти си победникот во твојот живот.
      • Никогаш не се плаши да го очекуваш најдоброто за себе. Ајде...почни...најдоброто...
      • Биди благодарна за сите мали работи во животот така само ке растат и ке се престорат во големии дела
      • Очекувај да ти се случат најубавите работи, не во иднината туку веднаш.
        • Имај доверба во својата способност да го завршиш она што си го замислила. Никогаш не се откажувај.
        • Погледни длабоко во своето срце, најди ја љубовта.. извлечи ја наадвор...подари ја искрено...тогаш ке ја почуствуваш.
        • Највредна лекција која можеш да ја научиш е самодисциплината, после тоа знаење се ке биде полесно.
        • Кога една врата се затвора се отвора нова зад која се наогаат уште поголеми чуда. Не гледај во затворената.
        • Не губи време да предвидуваш резултати, прави го само она што мораш совршено, друго сѐ само ке си дојде.
        • Животот е тоа што ти ке направиш од него, исполни го со љубов надеж вера и задоволство.
        • Ако не можеш да леташ, трчај. Ако не можеш да трчаш оди. Ако не можеш да одиш ползи. Прави се што е во твоја моќ за да не застанеш никогаш.
        • Силата ке ја бараш во себе силата никој не може да ти ја даде, а верувај ни да тија одземе откако ке ја најдеш.
        • Немој да правиш ништо, само затоа што другите го прават. Прави го само она што е најдобро за тебе.
        • Признај си кои се твоите слабости, за да ги претвориш во предности, кои ке ти дадат дополнителна енергија.
        • Не се смееме затоа што сме среќни, среќни сме затоа што се смееме. Насмеј се...
        • Зошто да чекаш некој друг да те изненади. Изненади се сама од себе.
        • Во секој миг можеш да станеш личноста која си сакала да бидеш. Кој миг да го избереш. Нека е овој, сега ...