Спорт Фудбал

Фудбал на „Боксинг деј“: Ремек дело на Мхитарјан (Видео)

1185

Англичаните се познати како единствени што не прават пауза меѓу двата дела на сезоната, но и единствени во западниот свет што не можат да го замислат популарниот „Боксинг деј“ без фудбал. Така беше и попладнево на премиерлигашките терени.

Фаворитите се оправдаа како такви, но сите паднаа во сенка на ремек делото на Хенрик Мхитарјан. Ерменскиот репрезентативец го постигна најубавиот гол во мечевите од 18. коло што ќе конкурира и за најубав во сезоната. Во листата на стрелци се запиша во 86 минута по асистенција на Златан Ибрахимовиќ, улога што Швеѓанецот ја имаше и при првиот гол и го постигна вториот во триумфот на Манчестер јунајтед против Сандерленд со 3:1.

„Во кариерата постигнува преубави голови, но сега не придонесува само со голови туку и со играта во дефанзива и креативност. Многу сум среќен што се врати по повредата. И самиот е среќен, чувствува дека е омилен меѓу луѓето на „Олд трафорд“ што му е многу важно“, рече Мурињо по мечот.

Пофални зборови за Мхитарјан стигнуваат од сите страни во екипата. За играта и ефект што го дава на екипата се огласи и Блинд, стрелец на премиерниот погодок против Сандерленд.

„Мики е извонреден фудбалер. Денеска постигна фантастичен гол. Среќен сум за него и што можам да играм со него“, истакна холандскиот интернационалец и репрезентативец.

Премиерлига

Резултати, 18. коло

Манчестер Ј. – Сандерленд 3:1

Арсенал – ВБА 1:0

Челзи – Борнмут 3:0

Хал – Манчестер Сити 0:3

Лестер – Евертон 0:2

Свонси – Вест Хем 1:4

Барнли – Мидлсборо 1:0

Вотфорд – Кристал палас 1:1

Утре играат: Ливерпул – Стоук (18.15 ч.)

Среда (20.45 ч.): Саутемптон – Тотенхем

Табела: Челзи 46, Манчестер сити 39, Ливерпул 37 (-1), Арсенал 37, Тотенхем 33 (-1), Манчестер јунајтед 33, Евертон 26, итн.