Спорт Фудбал

Мурињо: Ибра во својот мозок ја активира клаузулата за продолжување на договорот со Јунајтед!

1108

За првпат по март 2015 година Манчестер Јунајтед врза четири победи, а најзаслужен за нив е првиот стрелец на тимот, Златан Ибрахимовиќ, кој учествуваше со четири гола и три асистенции. 

Договорот на Швеѓанецот истекува во јуни наредната година, но по одличните игри во последниот период, Жозе Мурињо веќе размислува како да го задржи Ибра и во наредните сезони. 

„Ибра во својот мозок ја активира клаузулата за продолжување на договорот со Јунајтед, а исто така јас и раководството на клубот започнавме да размислуваме за тоа. Сигурен сум дека  во Премиер лигата дојде за да се надигрува и да ја докаже својата класа. Видливо е дека е подготвен за максималниот напор кој го бара Премиер лигата и знам дека така ќе биде во наредните сезони“, изјави Мурињо за „Скај Спорт“. 

Златан ова лето од ПСЖ премина во редовите на Јунајтед, а вкупно постигна 18 голови на 26 натпревари, додека во Премиер лигата е втор стрелец со 12 гола, само еден помалку од напаѓачот на Челзи, Диего Коста.