Култура Филм

Почина славната актерка од „Војна на ѕвездите“ (фото)

980

Актерката Кери Фишер почина на 60 годишна возраст. Таа беше најпозната по својата улога како принцезата Леја во филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“. Минатата недела имаше срцев удар за време на авионски лет и оттогаш беше на интензивна нега.

Срцевиот удар се случил непосредно пред слетување на летот од Лондон до Лос Анџелес, по што болничар кој бил меѓу патниците и пружил помош на Фишер, која потоа била пренесена во болница и приклучена на респиратор.

Фишер беше на турнеја за промоција на нејзината последна книга. Таа е авторка на четири романи и на три мемоари, а имаше улоги и во филмовите „Браќата блуз“ и „Кога Хари ја запозна Сели“.