Спорт Фудбал

Тевез ги сруши сите трансфер-рекорди

758

Аргентинецот Карлос Тевез официјално стана најплатениот светски фудбалер откако потпиша двегодишен договор со Шангај Шенхуа вреден 80 милиони евра.
Тевез има 32 години, во Кина тој пристигна од Бока Јуниорс каде за две години одигра 56 натпревари и постигна 25 голови.
 
Тренер на Шангај Шенхуа е Уругваецот Гус Појет, а покрај Тевез во тимот ќе играат уште Сенегалецот Демба Ба, Нигериецот Обафеми Мартинс и Колумбијците Фреди Гуарин и Џовани Морено.
 
Доаѓањето на Тевез е вториот голем трансфер во зимскиот преоден рок кој го реализираа тимовите од Шангај, откако претходно Шангај СИПГ за 70 милиони евра го купи Бразилецот Оскар.
 
Тевез во наредните денови ќе му се приклучи на тимот на јапонскиот остров Окинава, каде Појет ги подготвува играчите за новата сезона.
 
Шенхуа минатата сезона ја заврши на четвртото место во кинеската Суперлига зад градскиот ривал СИПГ, Џангсу Сунинг и повеќегодишниот шампион Гвангжу Евергранде.