Вести Ексклузивни вести Забава Шоу Бизнис Галерија Фото

Најуспешни ВИП личности за 2016 според Еxclusive.mk (ФОТО)

44608

Годината во тек наскоро ќе ја испратиме и со желби за просперитет  и среќна иднина ќе ја дочекаме новата. Како по некое непишано правило и годинава тимот на најдобриот македонски портал Exclusive.mk, кој за помалку една година во етер е во топ 7 најчитани портали, направи топ избор на најуспешни ВИП личности од македонската естрада. Редоследот не е важен, категоријата е битна и делот дека се од оваа наша листа.

1.НАЈВЛИЈАТЕЛНА ЛИЧНОСТ – Ина Многуфина.

Голема маса на луѓе секојдневно ја следат токму нејзе, Ина Многуфина. Секој нејзин твит – статус наидува на голем број на лајкови како потврда за тоа дека е токму така. Но се соочуваше и со критики, но големите луѓе знаат да го прифатат тоа на најдобар и најбезболен начин. Во оваа година Ина помогна и во многу хумани цели. Секоја чест. Па со право оваа номинација НАЈВЛИЈАТЕЛНА ЛИЧНОСТ ние и ја доделуваме на Ина Многуфина.

2.НАЈДОБАР ЕСТРАДЕН ТВ МАГАЗИН – Backstage

Приказните од секојдневието знаат да ги прикажат на посебен и уникатен начин својствен само за нив. Тимот на Backstage континуирано расте како и се поголемиот број на нивна публика. И во ова политички нестабилно време останаа тие што се, квалитетни, професионални и препознатливи. Зборовите не се никогаш доволни, успесите сами по себе зборуваат. Номинацијата НАЈДОБАР ЕСТРАДЕН ТВ МАГАЗИН затоа ја доделивме токму на нив- Backstage.

3.НАЈЗАБАВНА И НАЈУНИКАТНА ТВ ВОДИТЕЛКА – Ивана Наскова

За помалку од една година на тв екраните создаде вистински бум на несекојдневно и необично тв шоу „На шанк“. Никогаш не глуми дека е нешто што не е, а секоја емисија е исполнета со интересни гости и разговорот што го води со нив е спонтан што дава дополнителен оригинален блесок на македонско тв шоу. Нескромно и со право, номинациајта НАЈЗАБАВНА И НАЈУНИКАТНА ТВ ВОДИТЕЛКА и ја доделуваме токму на нејзе, Ивана Наскова.

4.НАЈУСПЕШНА ЉУБОВНА ДВОЈКА – Деспина Царева и Филип Гачевски

Покрај огромната љубов која владе помеѓу нив тие и понатаму останаа професионалци во својата професија. Деспина е дипломиран правник, тв водителка и модел, а Гачевски најуспешен голман во Ф.К. „Вардар’’, но игра и за Македонската репрезентација. Љубовта им е како од бајките, а професионалните ангажмани секогаш најголем квалитет пред конкуренцијата. Номинацијата, НАЈУСПЕШЕА ЉУБОВНА ДВОЈКА им ја доделуваме токму на нив сооглед на рекордната гледаност на интервјуто кое ние го направивме со нив и тоа дека крадат погледи каде и да се појават. Дали овој пар ќе се пресели во Верона, останува времето да покаже.

5. ПИСАТЕЛКА СО НАЈГОЛЕМ И НАЈВЛИЈАТЕЛЕН УСПЕХ – Ксенија Николова

„Макар уште еднаш“ е насловот на делото на Ксенија кое направи вистински бум помеѓу македонските читатели. Покрај успешноста во оваа сфера исто така е препознатлива и нејзиниот потпис стои зад многу македонски музички теми. Самото име и презиме Ксенија Николова е асоцијација на убав пишан збор, квалитет и препознатлив стил. Не се мислевме за кому да припадне номинацијта ПИСАТЕЛКА СО НАЈГОЛЕМ И НАЈВЛИЈАТЕЛЕН УСПЕХ, па со право и ја доделивме токму нејзе, Ксенија Николова.