Спорт Останато

Како би изгледал денешниот живот на Михаел Шумахер

1443

Поминаа три години од стравичната несреќа која му се случи на Михаел Шумахер, при неговото скијање на француските алпи, по што и денеска се уште заздравува во својот дом во Швајцарија.

Полека но сигурна, славата на фамилија Шумахер оди кон неговиот син Мик Шумахер, кој со геометриска прогресија напредува и гази кон Формула 1, Иако сезонава ќе вози во Формула 3, што е добар вовед за она што му следува.

Три години по несреќата, неговите фанови се уште не ја знаат неговата целосна здравствена ситуација, бидејки информациите кои доаѓаат од неговиот штаб се премногу штури, и само понекогаш некоја изјава од неговите поранешни претпоставени од тимот на Ферари.

Тој доколку денеска беше здрав, сигурно пак ќе беше дел од Формула 1, но како некој стратег од поголемите тимови, дали Мерцедес или Ферари, но затоа тој е далеку од сето тоа, а фановите и понатаму се надеваат дека тој целосно ќе закрепне и дека пак ќе се врати во врвот на Ф1, како што и беше порано.

Денешните резултати кои ги вади Мерцедес во Ф1, се голема заслуга и на Михаел Шумахер, кој соработуваше со германската екипа, во име на некои подобри резултати во иднина.

Многумина денеска Шумахер можеби го гледаа како можен шеф на Ферари, каде би работел за славата на неговиот син Мик. Германецот е почитувана фигура во италијанската екипа, за која војуваше цели десет години, во кои освои 5 шампионски титули.