Останато Спорт

Рајн Некар му плати обештетување на Металург: Талески уште летово се сели во Германија

1303

Филип Талески веќе летово ќе замине за Германија и ќе му се приклучи на својот нов клуб, Рајн Некар. Клубовите се договорија македонскиот репрезентативец предвреме да го напушти тимот од Автокоманда иако имаше договор со Металург до јуни 2018 година. За „ослободувањето“ Металург ќе добие обештетување со шест бројки, што засега е тајна.

Пред еден месец Талески потпиша договор со германскиот првак што требаше да почне да важи од јуни 2018 година. Но, Германците сакаат што порано да го видат нашиот ракометар во своите редови. Во опција е дури и преселба уште во јануари, но од Автокоманда засега несакаат да размислуваат за тоа бидејќи Талески во моментов е „ударна игра“ за сините, и ќе им биде потребен пролетва во мечевите од домашното првенство.

Рајн Некар денеска достави понуда до Металург со висина на обештетување што Германците се подготвени да го платат за предвреме да го добијат Талески што побрзо. Од Металург ја прифатија понудата па Талески ќе може да почне со пакување на куферите.

Металург веќе остана без неколку ракометари, некои поради повреди а некои си заминаа како Дупјачанец и Брајовиќ. На излезна врата е и Милош Драгаш. Во меѓувреме на тимот му се приклучи репрезентативецот на Иран, Амин Јусефинеџад.

Во моментов Талески се подготвува со репрезентацијата на Македонија за настап на СП во Франција.

Извор: ракомет.мк