Здравје Исхрана Фитнес

Придобивките од консумирањето на месото

1137

Квалитетната и здрава храна меѓу другото го вклучува и месото, тоа е доста хранливо и е витален дел од секоја урамнотежена исхрана. Во себе содржи голема количина железо која е многу потребна и неопходна за организмот. Се поголем е бројот на луѓето кои се откажуваат од месото, но всушност месото е здраво бидејќи содржи квалитетни белковини неопходни за развојот на организмот. Проблемот се јавува во неправилното одгледување на животните и несоодветните услови на чување на месото. Постојат многу придобивки од користењето на месото.

Говедско месо:

100 грама телешко месо содржи 136 калории, и 5.1 грама масти. Речиси половина од мастите што ќе ги најдете во говедското месо се слични на здравите масти што можете да ги најдете во маслиновото масло. Здравите масти се неопходни за здраво срце и здрави крвни садови. Многумина ги потценуваат мастите затоа што сметаат дека тие предизвикуваат таложење на масни наслаги во телото и со тоа дебелеење. Но, исто како и омега-3 масните киселини содржани во рибата така и заситените масти во говедското месо всушност го поттикнуваат хормонот за раст. Консумацијата на малку заситени масти во исхраната овозможува рамнотежа помеѓу тестостеронот и инсулинот како фактори за нивото на раст. Говедското месо исто така е добар извор на креатин, витамин-б и цинк.

Свинско месо:

Свинското месо содржи голем број витамини од кој Б6, Б12, А, Ц и К. Од минералите присутно е железото и магнезиумот.

Јагнешко месо:

100 грама јагнешко месо содржи 156 калории и 8.3 грама масти. Јагнешкото месо е есенцијален извор на протеини, минерали и витамини. Изобилува со цинк и железо и висок процент на витаминот Б12, кој не може да се сретне во толкаво количество на друго место. Сепак не смее да се претерува со јадењето јагнешко месо бидејќи лесно може да дојде до покачување на холестеролот во крвта.

Пилешко месо:

100 грама пилешко месо содржи 116 калории и 3.2 грама масти. Пилешкото месо содржи помал процент на масти во однос на телешкото, јагнешкото и свинското и е полесно сварливо во однос на другите видови месо. Содржи незаситени масти важни за работата на срцето. Луѓето кои често консумираат пилешко месо имаат намален ризик за срцеви заболувања и мозочен удар.

Туна:

100 грама свежа туна содржи околу 120-130 калории и околу 26 грама протеини. Процентот на калории од протеини изнесува 85.

Лосос:

170 грама лосос содржи 34 грама протеини кои го потпомагаат зголемувањето на мускулната маса,како и 4 грама од омега-3 масните киселини. Здравите масти помагаат во намалување на воспалението на мускулите и помагаат во процесот на регенерација,а помагаат и при контрола на нивото на кортизол. Со намалувањето на нивото на кортизол се зголемува нивото на тестостерон,со што помага при зголемување на мускулната маса.

Димитар Богоевски
Фитнес инструктор во Synergy Fitness & Spa